ДАЛИ ВРЕМЕТО ЗАСТАНА
Трчаќи пред сопствената слика,
ги бројам репките кој самоникнуваат по
необработените полиња.
Ги бришам глувонемите гласови,
одвојуваќи ги од сопствената цел.
Како да се померија сите планини
а одговорите
останаа безбојни.
Реките поплавија и се делат во илјада правци.
Некои бои прозбореја и озборуваат
за битката и за гласовите кој ме одминуваат.
Морето не мирува стравот владее...
Ми се чини дека
времето застана...
Застана во една чаша полна со вино
и во една капка солза ,солза од љубов.
Соња Таировска
Ѓурчак
07.04.2024 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar