ПРОЗОРЕЦОТ НА ВРЕМЕТО
Не прашувајте ме за
селото
покрај стариот селски
пат
кој го изминав.
Не прашувајте ме за
луѓето
кои уморно чекаат да
помини автобусот
по селскиот пат кој никогаш
не проаѓал тука.
Неможам да ги бројам
брчките на времето,
ни домаќините кој не
се вратија од печалба.
Ни солзите да ги
избришам на времето.
Оваа песна ја пишувам
во студенилото на
времето
без да заплачам без
сеќавање на времето.
Го залажувам времето и
го стискам моливот
во замрзнатиот
прозорец.
Прозорецот на
времето.
СоњаТаировска Ѓурчак
01.04. 2024 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar