subota, 27. travnja 2024.

 enden Sie Ihre Einträge an:

MONAK PIMEN VLAD
Lacu Hermitage
PO Box 146, Karyes
63086 St. Mount Athos
GRIECHENLAND
Tel. Mobil: 0030 6946572266

četvrtak, 25. travnja 2024.

MK

💓💓💓

Народот можи толку многу да се радува на туѓата невоља

отколку на неговата  сопствената среќа...

💓💓💓

Да се има  непријатели е многу лошо,

ако се гледа другата нивна страна е могу убаво,

они  даваат  многу повеќе од себеси, ја зајакнуваат човечката стрпливост...

Значи вреди да се има и непријатели...

💓💓💓

Најефтино е она што се купува со пари,најскапото е она што со пари не се купува...


💓💓💓


Соња Таировска Ѓурчак

25.04.2024 Улм

 

 

nedjelja, 21. travnja 2024.

ПОД СЕНКАТА НА ДУШАТА кн 11

 

ПОД СЕНКАТА НА ДУШАТА

Ја соблекувам тишината

да го облечам стихот.

Мислата да ја допри

молњата да ја струши.

Под сенката на душата

извира изворот на стихот.

Огнот го гасам

да не изгори стихот.

Нека полетаат стиховите

на кој крила ми давам

од срце ги пишува и ги творам

на стихот душа му поклонувам и давам.

Потекоја изворите

згаснаа огновите

одлетаа стиховите.

Порека понесоа за мир и радост во светот.

СоњаТаировска Ѓурчак

21.04. 2024 Улм

 

subota, 20. travnja 2024.

МК

 

***

Народот се препознава по зборот

а можи да се прочита и без зборови...

 

***

Само часовникот можи да те пробуди во точно време,

како и Господ кој те чува и во добро и во лошо...

 

***

Се зависи од сопствениот став,

Животот нуди вистински и долготраен успех...

***

Соња Таировска Ѓурчак

20.04. 2024 Улм.

nedjelja, 7. travnja 2024.

ДАЛИ ВРЕМЕТО ЗАСТАНА

 

ДАЛИ ВРЕМЕТО ЗАСТАНА

 

Трчаќи пред сопствената слика,

ги бројам репките кој самоникнуваат по

необработените полиња.

Ги бришам глувонемите гласови,

одвојуваќи ги од сопствената цел.

Како да се померија сите планини

а одговорите останаа безбојни.

Реките поплавија и се делат во илјада правци.

Некои бои прозбореја и озборуваат

за битката и за гласовите кој ме одминуваат.

Морето не мирува стравот владее...

Ми е чини  дека времето застана...

 

Соња Таировска Ѓурчак

07.04.2024 Улм

ponedjeljak, 1. travnja 2024.

ПРОЗОРЕЦОТ НА ВРЕМЕТО

 

ПРОЗОРЕЦОТ НА ВРЕМЕТО

 

Не прашувајте ме за селото

покрај стариот селски пат

кој го изминав.

Не прашувајте ме за луѓето

кои уморно чекаат да помини автобусот

по селскиот пат кој никогаш не проаѓал тука.

Неможам да ги бројам брчките на времето,

ни домаќините кој не се вратија од печалба.

Ни солзите да ги избришам на времето.

Оваа песна ја пишувам

во студенилото на времето

без да заплачам без сеќавање на времето.

Го залажувам времето и го стискам моливот

во замрзнатиот прозорец.

Прозорецот на времето.

 

СоњаТаировска Ѓурчак

01.04. 2024 Улм