utorak, 30. siječnja 2024.

МК

 ***

Среката доаѓа од сопствениот ум.

 ***

Господ опростува се, 

луѓето никогаш и нисшто, и ако има прочка...

***

Верата во Бога е највисоката моќна сила.

***

Животната лекција е сопственост 

која не се споредува со ничија друга.

***

Среќа и радост е да се живее 

и да се сака животот...

***

Во матна вода не се ваќаат риби.


Соња Таировска Ѓурчак 

30. 01. 2024 Улм 



utorak, 23. siječnja 2024.

ПРЕД ПРАГОТ НА ПРОЛЕТА

 

ПРЕД ПРАГОТ НА ПРОЛЕТА

 

Некажа ниту еден збор,

молчеше пред светлината на денот

додека ветрот ја будеше тишината

под белината на снегот.

Молчеше гората а потокот се криеше

под смрзнатите снегулки

во длабочината на времето.

Замолчи, устата на една старица

рацете и трепереја пред белата тетратка.

Мислата и бегаше по синовите печалбари

кој заминаа како птици преселници...

Еден ден птиците преселници ќе се вратат

и синовите печалбари ќе се вратат

со пролета во дворот на татковината.

Зимскиот сон остана да виси

Пред прагот на пролета.

 

Соња Таировска Ѓурчак

23.01. 2024 Улм

subota, 20. siječnja 2024.

МК

Вистинскиот карактер и искрајноста на човекот 

имаат многу поголема вредност од се останатото...


Потеклото не го кажува карактерот 

ни големината на малото или големо село ,

длабочината на свеста е тоа што се чита 

на лицето и на делата...


Образованието е надворешен статуст

внатрешноста и делата го красат човекот,,,


Соња Таировска Ѓурчак 

20 01 2024 Улм 

СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА и СВЕТЛИНАТА НА ЗБОРОТ

 

СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА

Додека живееме и веруваме во Слободна Македонија а во џепод носиме бугарски пасош,и со првиот лет заминуваме од таа наша Татковина,бегаме од нашето големо достоинство, кое тони по дијамантите кој се распослани на туристичката плажа во песокот .

Додека нестразумот на уморните умови ги матат бистрите води од длабочините на изворите,ги кријат бисерите македонски и ги фрлаат по светот, незнаеќи дека сето тоа е љубов во ова преубаво вековно време.

Со сила и страв сакаат да и се спротистават на љубовта,на Македонија а поетите пишуваат и творат како уметници ,а вистината им бега пред пенкалото.Дали е вистина или само еден сон по кој сите трагаме по слободата во која не живееме или подобро кога би живееле.

Ја сакам Македонија. Одговорот е  единсвен и вистински, мера нема да се кажи, колку можи да сака човечко срце и колку можи да издржи.

Во овие денови нема место за тага иако од сите страни навираат прекари и лаги....

Ново крштевање што е тоа??? дали можи некој поново да те крсти во името твое да царува ??? Во ови денови нема место за тага,сега, здрав памет се бара, мир и радост во очи да се види и со здрав ум да се биди.

Македонските корени се длабоки, раснат и дишат во тајната на вистината,благословена од Бога уште пред Христовото раѓање,останува тајна за која трагаат народите и денес, не само на балканот туку пошироко во светот.

Верувам дека нашата вера ја определува нашата иднина, нашата вера е најблиску поврзана до бога и се што е добро за Македонија. Кога се сретнуваме со зборот Македонија и Македонците доаѓаме до името на Адам и Ева кој се исто така создадени од Бога како и нашата Родина,Татковина Македонија.

Се е поврзано во светот и со светот,искуството, условите, истражувањата, очекувања во фазите на животот и во многу други добивки и  здобивките на бугарските пасош  тоа се само услови на живот.Имаме ли избор на слободна воља или тоа е сопствена војна .

Да направам нов избор,да се откажам од досегашниот кој се врти само во затворен круг на дествување, што би ми понудил светот,во надворешните верувања во кој има создадени услови и од кој можад да останат последици  како кај Адам и Ева.

Баш тука се родив во оваа недопрена благородна и чудесна земја,дали беше грешка или беше залагот од црвеното јаболко што сега стои во душникот кој почнува да ме гуши трагаќи по доброто на мојата земја кое се дели пред границата на вистината и надешта за подобро утре.

Науката го потвурдува она што е веќе кажано е и пренесено како кај Адам и Ева  или како Духот и материјата,така е и не откриено богаство Македонија и Македонците.

За да се влијаје се создава и услов или се условува,а условите секогаш доаѓаат од надвор,кој мора да се прифати таков каков е или подобро кажано каков е во заповедот.

Чудесна е оваа земја која живее како една жива приказна во историјата и во чудата и законите на природата,а уште е почуден и неразбирлив е човечкиот разум кој неможиш да го објасниш ни разбериш и на својот македонски јазик .Чудата се зачудувачки и невобичајни за еден пристоен живот во оваа наша чудесна македонија или н чудесни македонци,

Во зборот сободна Македонија наоѓаме утрхаи учиме уметнички вештини во кој се залажуваме а вистинскиот пат и правец во оваа чудесна земја не го наоѓаме.

Те сакам Родино , Ти благодарам Татковино.....

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

СВЕТЛИНАТА НА ЗБОРОТ

 

 

 

Ви благодарам и Ве поздравувам со светлината на збороте .

Зботор е светлина,струја која се пренесува по магнетското поле во слободната мисла.

Ви благодарам на сите, со сите вас ја делиме оваа радост со времето које живее денес.

И благодарам на семоќната света сила и светлината која ми го отвори патот и просторот да бидам овде и тука да ја делам оваа радост со вас сите,далечина денес не постои се е толку блиску.

Да се твори , треба да се сака, а ние кој сме надвор од земјата наша ги китиме страниците на секоја новородена книга со кирилицата која задсебе остава семe кое се сее по полето на уматноста,и поново раѓа нов плод по полето на радоста .

Во оваа радост и светлина сакам да се потсетиме сите заедно на сите наши големи творци кој оставија живи дела и живеат и ден денес меѓу нас овде и тука.

Занив зборува времето и денес,занас ќе зборува можеби утре,или во некое друго време богато со богочовечка љубов.
Во мудроста е скриен клучот кој ја отклучува вратата на верата и стрпливоста.

Многу добрини се забораваат,а времето пишува и памти.

И ова творештво останува запишано во времето на радоста.

Го издвојив нашиот голем творец не по зборот него по светлината која ни ја осветли цела денешна техника ја осветли темнината и го поврза светот.

Творецот Никола Тесла кој го има во секој џеп или ташна височината негова е голема, неговите дела се дабово стебло со длабоки корени кој се шират во светот, работеш и живееше за човечкиот род многу остави и остана да живее во просторот и времето денес.

 

По овој голем твотец ја нареков мојата книга Светлината на зборот која поврзува и се шири по океанските води на животот.

 

 

 

 

subota, 13. siječnja 2024.

ВОЗОТ ТРГНА

 ВОЗОТ ТРГНА

Возот тргна, збогум зедов
а љубов за земја врзав.
Пред многу години ова се стори,
а љубов во душа усте гори.
Дали песна пеев,
дали се смеев,
дали солзи ронев или
нозе од земја корнев.
Кога возот тргна.
Многу млада на јабана ојдов,
еј, во една чудна земја дојдов.
Лето за лето ојде и младост пројде,
во години чудни мудрост се сви
од родина јабана ме скри.
Од тага и болка милост стана сега,
а љубов по родина уште бега.
Добар народ со душа сретнав
и верба стекнав.
Желба гори и за родина збори.
Сиве години и денови жешки
оставија траги тешки.
Остана љубов чиста,
рака пружам и со родина се дружам.
Во солзи се топам,
и по звезди пат копам.
Радост љубов болка граница нема
или треба....се да сменам.
Возот тргна многу брза
Љубов во срце врза.
Соња Таировска Ѓурчак
29.7.2014 Улм
Alle Reaktionen:
Du, Mimoza, Марина und 16 weitere Personen

petak, 12. siječnja 2024.

СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА

 

СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА

Додека живееме и веруваме во Слободна Македонија а во џепод носиме бугарски пасош,и со првиот лет заминуваме од таа наша Татковина,бегаме од нашето големо достоинство, кое тони по дијамантите кој се распослани на туристичката плажа во песокот .

Додека нестразумот на уморните умови ги матат бистрите води од длабочините на изворите,ги кријат бисерите македонски и ги фрлаат по светот, незнаеќи дека сето тоа е љубов во ова преубаво вековно време.

Со сила и страв сакаат да и се спротистават на љубовта,на Македонија а поетите пишуваат и творат како уметници ,а вистината им бега пред пенкалото.Дали е вистина или само еден сон по кој сите трагаме по слободата во која не живееме или подобро кога би живееле.

Ја сакам Македонија. Одговорот е  единсвен и вистински, мера нема да се кажи, колку можи да сака човечко срце и колку можи да издржи.

Во овие денови нема место за тага иако од сите страни навираат прекари и лаги....

Ново крштевање што е тоа??? дали можи некој поново да те крсти во името твое да царува ??? Во ови денови нема место за тага,сега, здрав памет се бара, мир и радост во очи да се види и со здрав ум да се биди.

Македонските корени се длабоки, раснат и дишат во тајната на вистината,благословена од Бога уште пред Христовото раѓање,останува тајна за која трагаат народите и денес, не само на балканот туку пошироко во светот.

Верувам дека нашата вера ја определува нашата иднина, нашата вера е најблиску поврзана до бога и се што е добро за Македонија. Кога се сретнуваме со зборот Македонија и Македонците доаѓаме до името на Адам и Ева кој се исто така создадени од Бога како и нашата Родина,Татковина Македонија.

Се е поврзано во светот и со светот,искуството, условите, истражувањата, очекувања во фазите на животот и во многу други добивки и  здобивките на бугарските пасош  тоа се само услови на живот.Имаме ли избор на слободна воља или тоа е сопствена војна .

Да направам нов избор,да се откажам од досегашниот кој се врти само во затворен круг на дествување, што би ми понудил светот,во надворешните верувања во кој има создадени услови и од кој можад да останат последици  како кај Адам и Ева.

Баш тука се родив во оваа недопрена благородна и чудесна земја,дали беше грешка или беше залагот од црвеното јаболко што сега стои во душникот кој почнува да ме гуши трагаќи по доброто на мојата земја кое се дели пред границата на вистината и надешта за подобро утре.

Науката го потвурдува она што е веќе кажано е и пренесено како кај Адам и Ева  или како Духот и материјата,така е и не откриено богаство Македонија и Македонците.

За да се влијаје се создава и услов или се условува,а условите секогаш доаѓаат од надвор,кој мора да се прифати таков каков е или подобро кажано каков е во заповедот.

Чудесна е оваа земја која живее како една жива приказна во историјата и во чудата и законите на природата,а уште е почуден и неразбирлив е човечкиот разум кој неможиш да го објасниш ни разбериш и на својот македонски јазик .Чудата се зачудувачки и невобичајни за еден пристоен живот во оваа наша чудесна македонија или н чудесни македонци,

Во зборот сободна Македонија наоѓаме утрхаи учиме уметнички вештини во кој се залажуваме а вистинскиот пат и правец во оваа чудесна земја не го наоѓаме.

Те сакам Родино , Ти благодарам Татковино.....

Соња Таировска Ѓурчак 

12. 01. 2024 Улм 

Напишано за Сара Јованова  од Скопје 


petak, 5. siječnja 2024.

НАЦРТАВ ЦВЕТ кн 11

 

 НАЦРТАВ ЦВЕТ 

Нацртав цвет во градината цветна,нацртав цвет на постела мека ,во боите на еден чуден сон. Испратив цвет пред војната за мир,под синото небо на бездомницте стуткани и гладни,смрзнати и боси ги прередуваат цветовите во бои во боите на светот.Нацртав цвет.

 

Соња Таировска Ѓурчак

05. 01. 2024 Улм

ГО СКИНАА ЦВЕТОТ кн 11

 

ГО СКИНАА ЦВЕТОТ

Го скинаа цветот пред римата

цвет со цвет.

Го скинаа цветот пред римата

боја со боја.

Го скинаа цветот пред римата  

глас со гласот.

Животот, скаменет и суров!

Чекори меко пред влезот

го скина цветот.

Скаменет остана цветот

во бојата на очај...

Остана цветот испишан во стих

од убиците на еден млад живот!

Измеѓу небото и земјата леташе гласот

на малолетницата Вања пред убиците,

Убиците го скинаа цветот...

 

Соња Таировска Ѓурчак

05.01. 2024  Улм