ПТИЦИТЕ ИЗЛЕТАА Во СВЕТЛИНАТА НА ЗБОРОТ
Во далечината трчам,
а мислите се цедат
и се суши пота од лицето
на денот.
Птиците излетаа,
а напуштените гнездата
се топат како првите
снегулки.
Свенаа цветовите,со
брзината на здивот
и со ветерот кој дува
од север.
Книгата остана отворена,...
Еден ден,
не знам,
кога птиците преселници
во пролет
поново ќе се вратат...
Соња Таировска Ѓурчак
27. 10. 2019 Улм