КОЛКУ ТАЈНИ КРИЕ
ОВОЈ СВЕТ
Знам, дека ова
прашање веќе безбрај пати е поставено.
Секој во својот
живот вистински се прашува „колку тајни
крие овој свет„а секако „и зошто„
вистински одговор нема.
Зад затворена
врата се преговара, зад затворена врата
се прават договори усмени и писмени.Испод
секоја тезга нешто друго се продава,секој
има и чува тајна,се работи толку
таинствано,купуваме, продаваме,препродаваме
по установи,по архиви во политиката па
дури и свемирот не чува во неизвесност
и он многу тајни крие.
Па и утринските
кафиња се разделуваат, ова нека остани
тајна, цврсто убедени дека тоа останува
се тајна.....
А ние со големо
трпение чекаме на подобар ден утре.
Силни времиња
поминаја,тајните не ги открија барем
до овој момент додека ова го пишувам
зато сакам ова да го објавам без некого
да го навредам.
Се прашувам:
Дали зидовите
имаат уши?
Дали времето во
кое живееме можи да зборува?
Дали ќе ја
почуствуваме слободата во овој свет?
Дали тајните
можад да не доведат да изгубиме се.
Дали еден ден
ќе бидат сите тајни откриени,во кое ке
можиме бесусловно да живееме без никаква
тајна со отворено срце и бесконечен
мир.Сепак мислам дека сето ова зависи
од нас сите,мислам вистински на
сите,сите...........
Соња Таировска
Ѓурчак
28. 01. 2019