subota, 24. veljače 2018.

НЕ УМИРАЈ

НЕ ЗАБОРАВАЈ НЕ УМИРАЈ

Не умирај на градите од твојот народ,
не бриши го името
од вистината на твојата почва
не заборавај ги гробовите
на твоите преци,
не прекорачувај ги коските
на твоите јунаци
не затрпувај го бунарот
на живиот живот
од вечната вистина.
Помни,помни ги ноќите неспани
додка ја пишуваа твојата Азбука
од памук рачно направен фител,
додека ги пееа песните на љубовта
кој се простираат во светот
НЕ ЗАБОРАВАЈ НЕ УМИРАЈ .

Соња Таировска Ѓурчак
24. 02. 2018 Улм

ДАЛЕКУ Е ВРЕМЕТО

                                                                            ПОД ШАМИЈА ТУЃА и
 
ДАЛЕКУ Е ВРЕМЕТО                                      Во книгата бр:9

Далеку е времето,
под кожата на земјата,
по лицето на небото
во очите на светлината
со мирис на багрем цвет.
Далеку е времето,
но ги собира и бележи зборовите,
со уморни раце,
на бела страница
знаењето на ова знаење
со песна од еден глас.
Далеку е времето,
трча со пеперутките
кој летаат по вените на цветовите,
и ги собираат сите алтани.
Далеку е времето,
а крушата Горница
во пролет пак  цути.
Цут од моите соништа
кој претрчуваат по патеката,
и по ридот на мојте спомени.
Далеку е времето,
кое започна со првиот чекор.



Соња Таировска Ѓурчак
24. 02. 2018 Улм








ponedjeljak, 19. veljače 2018.

ЗНАМ

ЗНАМ
                                                                 Во книгата бр:9
Таму далеку, остана,
куќата од моето детство.
Ме довикуваат гласовите
разтрчани во ливадата
со мирисот на лалињата.
Ме довикуваат,гласовите
на потокот, со првите пролетни ноти.
Далеку е, виолината
но сепак ги милува и гали
сите далечини.
Ги повикува сите разиграни поточиња
да се влеат и се сродат со нотата на денот.
Небото е далеку,осамено и плачи
калдрмета, бранува по патишта
кој ги променија сите правци.
Знам,но сепак се прашувам
кој збор да го изговорам сега,
и пред себе молчам....
Врнат ладни дождови,
корените, на семејното стебло се сушат,
останува сеќавање на детството.
Таму далеку, мириса на пролет
цветаат најубавите цветови
кој пролет носат,знам.

Соња Таировска Ѓурчак
18. 02. 2018 Улм





subota, 17. veljače 2018.

ПОД СВОДОТ

ПОД СВОДОТ                                                       книга бр:9
 
Светлина,
топлина,
сила,
која нема граница 
нити мерка,
под сводот 
на љубовта.
Ја обојува душата,
со боите на виножитото. 





Во светот се сее сила и страв,а поетот пишува слободно,не се ограничува,слободен е како секоја пролетна птица во првомајскиот лет,така и поетот на секоја нова страна пишува со радост  ја отвора душата и ги реди буквите  во  книгата. 

utorak, 13. veljače 2018.

МК .....

💓💓💓
Се е вистина
дрвјата зборуваат,
гората раскажува
реката пее.

💓💓💓 

Душата е музички инструмент..
која треба да се слуша......

💓💓💓 

Кој сме ние?
Од каде доаѓаме?
Зошто сме тука?
Која е таа мудрост?
Што значи чудо?

💓💓💓

 Вистинското 
богаство на животот 
се наоѓа 
во длабочините на душата.

💓💓💓

Многу бројните години не се старост,
тие се зора во животот.

subota, 10. veljače 2018.

ЗНАМ КАДЕ МЕ ЧЕКАШ

ЗНАМ КАДЕ МЕ ЧЕКАШ                      Во книгата бр:9

Во аголот, на непознатото
во куферот,на познатото,
на патеката,поплочена
со солзи жески,
срцето исплетено со денови тешки.
Само едно знам,
каде ме чекаш.....
Уморна не сум,
полна со светлина лесна,
раце полни, со бисери бели
спомени стари сонот ми дели.
Во домот дишат спомени,
во градината, расти пролет
пред врата засекогаш цвета,
цветот кој љубов се вика.
Само едно знам,
каде ме чекаш......

Соња Таировска Ѓурчак
10.02. 2018 Улм


petak, 2. veljače 2018.

УБАВИ МИСЛИ мк афоризми




💗💗💗

Благодарноста е мост на среќата и богаството.

💗💗💗

Насмевката е извор на среќата.

💗💗💗

Животот е наискрајниот другар / пријател.

💓💓💓

Светот е исполнет со убавина,
во која треба да се ужива.

💓💓💓