nedjelja, 29. siječnja 2017.

ПО ПАТОТ НА ВРЕМЕТО

ПО ПАТОТ НА ВРЕМЕТО

Патува,
вистината,
во времето на животот
во светлината,
на секој нов ден.
Денот се роди
светлината не води
по патот на времето.
Некаде далеку,
времето оди
каде прашината ги затвора очите,
пред вистината,
на животот.

Соња Таировска Ѓурчак
29. 01. 2017 Улм


četvrtak, 19. siječnja 2017.

ВО ПРЕГРАТКИТЕ НА ДЕНОТ

ВО ПРЕГРАТКИТЕ НА ДЕНОТ

Снежна виулица бега,
пред студот на зимскиот ветер.
Градот белее, во снежна убавина
а снеговите прегрнати се топат
во прегратките на денот.
Тежнеат гранките на врбите
и нотите по виолината,
во прегратките на денот.
Мрзнеат стапките,
оставаќи трагови по снежната белина
која бега и пред очите на денот.
Свири, снежна виолина,
во прегратките на снегуките.
Ветровите се разминуваат
со длабоки погледи делеќи ја радоста
со снежниот пеперутки.
Птиците поново ќе долетаат .....
во прегратките на денот.

Соња Таировска Ѓурчак
19. 01. 2017 Улм


ponedjeljak, 16. siječnja 2017.

ЖИВОТОТ ГЛЕДА

ЖИВОТОТ ГЛЕДА

Очите на животот
ја гледаат секоја мисла,
вистинска или лажна,
добра или лоша,
тајна не постои.
Животот пишуваш,
а не бришиш,
ништо не е скриено
перед очите на животот.
Животот гледа.

Соња Таировска Ѓурчак
16. 01. 2017 Улм

četvrtak, 12. siječnja 2017.

ОВДЕ НЕ ЗАСТАНУВА ЖИВОТОТ

ОВДЕ НЕ ЗАСТАНУВА ЖИВОТОТ

Животот, се протега
во далечините на стравот.
Огледалото го гледа небото
повикуваќи ги сите птици,
кон далечините на животот.
Љубов е зборот,
овде што останува,распослан
по гранките на стариот даб.
По морето таласа сонот
на многу бегалци,
кој остаана да го сонуваат сонот
со морската кралица.
Овде не застанува животот
на оваа улица нема број.
Пепелта се вее со ветрот кон небото
и цвета со морските цветови.
Денови не бројани
години не мерени
во векови не извекувани
пред портата на животот
кој останува тука.
Ноќта ја зима последната
недогорена свеќа,
а восокот се разлева по земјата
по билките на црно бели цветови.
Животот изграден во темелите
на ветровите се огледува во туѓите очи,
овде не застанува животот.
Запалено кандилото,останува
да гори во чистините на небото.
Ангелите прегрнати раскажуваат
за вистината на далечините
и сенките кои остануваа овде.

Соња Таировска Ѓурчак
12. 01. 2017 Улм


srijeda, 11. siječnja 2017.

КОГА ДЕНОТ ВО ПРОЛЕТ ЌЕ ЦУТИ


КОГА ДЕНОТ ВО ПРОЛЕТ ЌЕ ЦУТИ

Со денови,
бранува зима студена,
во зорите рани,
очите матни,
смрзнати, снегулки бели.
Безгласно денот,денови реди
пред порти стари мајка солзи реди,
глас повик вика,
чеда свои назад си вика.
Темници црни,зората ладна
пазува мајчина празна.
Кога денот, во пролет ќе цути,
кога тој ден, вистина ќе биди?
Денот долг,ноќта кратка
жедно,капка по капка
крвта ја пие.
На кантар злато се мери
мајчина љубов,надеж горка
душа полна, љубов болка,
со ништо не се мери.
И кога во некоја доба
зората се буди,
еден живот безгласно се губи.

Соња Таировска Ѓурчак
11. 01. 2017 Улм



četvrtak, 5. siječnja 2017.

AFORIZMI

#####

Денот нека биди радос,годината среќа,животот љубов.

#####


Скромниот живот не бара многу.
#####
Височината на животот е како една планина.
#####
Јас го живеам животот,што е среќа,не поставувам прашањ.
#####
Некаде во светот има училиште,каде се учи вистината.
Каде е тоа???

srijeda, 4. siječnja 2017.

ПОТОКОТ НА ВЕЧНОСТА

ПОТОКОТ НА ВЕЧНОСТА

Каде,каде ли брзаш,
по лицето на земјата,
во таа далечина.
Каде,каде ли бегаш, а
се извишуваш, низ грлото на песната
во таа близина сега.
Се криеш, под сенките на стеблото,
стебло на осаменост.
Те гледа, огнот кој не гаси,
те повокува, жуботор а нечуен е.
Дотекуваш пре полето,
а далеку е,
земјата од изворите на слободата.
Птиците пеат,
пред сините ветрови,
во таа земја,
во земјата и душата на изворите.
Потокот на вечноста е цената
на записите по страниците на светот.
Болни се потоците на солзите,
и горите на птиците.
Тоа се вика вистина пред светот
копнеж и шепот
пред олтарот на татковината.

Соња Таировска Ѓурчак
04. 01. 2017 Улм



nedjelja, 1. siječnja 2017.

РАДОСТ ДА СЕ ДАРИМЕ


БРОДОТ ТРГНА

БРОДОТ ТРГНА

Бродот тргна,
по водите на среќата,
по светлината на денот,
по радоста на брановите,
неуморно ќе плови.
На сите гости,
Капетанот на бродот
им посакува мирни води.
Пловиме само 12ет месеци
и се враќаме
пак на обалата за нов старт.

СРЕЌНА НОВА 2017.та ГОДИНА.

Соња Таировска Ѓурчак
01. 01. 2017 Улм