srijeda, 29. lipnja 2016.

ДЕНОТ Е КАКО ПЕСНА



ДЕНОТ Е КАКО ПЕСНА


Зората стигна 
утрото се дегна
и денот го носи.
Ноќта црна,
светилките ги гаси.
По ливадите,
зората росата ја паси.
Денот погледот го шири,
светлината почна
по денот да течи,
жубот, песна ечи.
И во денот радост стигна,
децка песна се вивна.
Денот е како песна,
сака многу да кажи,
со малку зборови
но многу важни.
Силен е денот,
убавината го краси,
и во целиот свет се гласи.
Денот е како песна,
на гради лежи,
зборови збрани од сите страни,
мисли чисти во целиот свет исти.

Соња Таировска Ѓурчак
29.06. Улм

srijeda, 22. lipnja 2016.

ВРЕМЕТО ОДМИНУВА



ВРЕМЕТО ОДМИНУВА

Времето одминува,
вдлабнува  брчки,
како надојдена река
правеќи нови бразди
по лицето на времето.
Во водата плива немир,
остава траги од времето
и ја раскажува вистината
на обоените бисери кој го
носат сјајот од вечноста.
Пливаат звездите во водата
на огледалото како некогаш.
Времето одминува,
низ рацветената ливада,
ги собира цветовите, и
ги реди по биоите на времето
по боите на животот.
И го запишува времето
во семето на љубовта,
како молитвата во новиот ден,
а времето одминува.

Соња Таировска Ѓурчак
22. 06. 2016 Бад Швалбах

nedjelja, 19. lipnja 2016.

ВО СОНОТ И ЈАВЕТО



ВО СОНОТ И ЈАВЕТО

Тишината на денот,
се распосла во светлината,
а, тагата оди во времето околу мене.
Ја кријам, под сенките на воздухот,
во просторот околу мене.
Молчам,зборовите се засолнати
во аголот на чекањето во сонот и јавето.
Времето е долго во кое живеам сега,
а, секоја минута болна.
Те нема, а знам дека постоиш,
некаде долеку во вечната вистина,
каде сите птици, пофторно се враќаат
во домот на сонот и јавето.
Те сонувам,а сонот го крија,
меѓу цветовите на вистината.
Се засолнувам под гранките на пролета,
под цветовите на црешата,
под мирисот на денот,
се засолнувам под утринската роса,
која се тркала по лицето на јавето,
паѓа во перницата на сонот,
ја гали болната душа.
Патувам со вистината во сонот и јавето,
го гледам и го  сонувам сонот
кој остана не досонуван.
Молчам и чекам,
во тишината на денот
со празнината во душата
која остана закована,
помеѓу сонот и јавето.

Соња Таировска Ѓурчак
19. 06. 2016 Бад Швалбах.

srijeda, 15. lipnja 2016.

DAS WELLT IST SCHÖN



Das Wellt ist schön
Hell und schnell
Volle wisse Blumen
In eine steckt die kraft
und die ruhe.
DAS BIST DU.

*****
Jeder Stein ist kristal.

*****

In die Sand  steckt eine diamant.

*****

Wenn die Worten vellen
Las die Blumen reden.

Sonja Tairovska Durcak
15.06. 2016 Bad Schwalbach

subota, 11. lipnja 2016.

БРАНУВА ДЕНОТ



БРАНУВА  ДЕНОТ

Сонцето,милно го милува денот,
ги гали трепавиците, милуваќи
го и лицето на денот.
Сонцето и душата на денот,
ме поведоа во осамениот остров,
островот на денот,
исполнет со морските птици,
кои беа одамна будни, разиграни
низ тишината која се простираше
низ целиот остров.
Палма до палма,исполнет целиот остров,
а мирисот на цветовите се шири
како распослани бранови
кој ја пеат песната на денот, со
виолината кој тифко ја милува ветерот.
Застанав под сенките на палмите,
погледот бега далеку во морето.
а морската пена,распослана
како морска свила,
исплетена со морски бисери.
Тишината ме понесе во сонот на денот,
под сенките на палмите,
сонив птица,која лета ,како анѓел бела,
тоа е бурна фантазија цела.

Соња Таировска Ѓурчак
11. 06. 2016 Бад швалбах.