nedjelja, 27. rujna 2015.

СЕГА ОДИ

СЕГА ОДИ

Пред златно сонце
здраци да пружи,
мајка ме пробуди тивко,
ме прегрна цврсто
и на долг пат
во туѓина ме прати.
Во чело ме бакна и рече:
„Не заборавајме ќерко„.
Патот е долг
туѓината е пуста,
тие зборови благи
од мајчина уста,
уште во душа ги носам.
Храбро на пат во туѓина кренав
и солзи скришум прегрнав.
Сега оди,оди мила ќерко,
Мајка и замја не заборавај,
Сега оди.
Горда сум мајко со тебе
и земјата наша.
Мајка очи затвори рано
почина во земјата наша.
Во туѓина и злато на кантар се мери,
мајчина љубов и земјата наша
нема кантар, нема да ја мери.
Сега оди.

Соња Таировска Ѓурчак

27. 9. 2015 Улм 

četvrtak, 24. rujna 2015.

ХХХ 115





Да твориш,треба да сакаш.


Моменти некаде далеку жарат, 
а животот посакува стварност.


Секаде е убаво да се живее,
а родниот крај е место,од каде што
извора изворот на животот кој не пресушува
и во најголемата суша.



Се се можи кога се сака.


Само љубовта дава светлина.


Во вистината се корените на животот.


И овој ден е дар од бога.


Богаството е царство на науката.


Срцето ја гледа секогаш вистината.

ВРЕМЕТО МИРУВА

ВРЕМЕТО МИРУВА

Времето мирува,
а ангели пеат,
Мирува во просторот
на тишината...
Бара, засолниште под сонцето.
Сонцето е толку блиску,
трепери и воздухот
за жед на животот...
Низ долгото патување а,
дремката е далеку од сонот.
Времето мирува
во омилена игра  
и се топи во песокот.
А,звездите блескаат...

Соња Таировска Дурчак

21.9.2015 Улм 

ХХХ 114

-Кога расти богаството,
растат и проблемите.

-Тајната на среќата е,во
животот и верата.

-Времето прави
од едно зрно пченка, погача.

-Љубовта е посилна
и од смрта.

-Само љубовта остава
длабока трага,таа не знае за лага.

četvrtak, 17. rujna 2015.

ХХХ 113

Чудотворната тајна
од човечкиот живот,
ја освертлува
светлината со брзината
во  просторор наречен
ЖИВОТ.

Соња Таировска Ѓурчак


Убавината на денот почнува од сабајле,
нека ве следи цел ден
РАДОСТ,СРЕЌА ЉУБОВ !!!


Додека ноќта заминува,доаѓа денот,со првите утрински роси ,на секој цвет,и низ целиот свет,а сонцето милно и со своите топли и нежни здраци ја брише росата како топла солза од лице и праќа надеш во нов ден,милуваќи ги сите со неговата волшебна моќ,вистина која е вечна


srijeda, 2. rujna 2015.

СИВИ ОБЛАЦИ

Те изгубив,
во небото меѓу звездите
помеѓу белите и сивите облаци
те изгубив,
во морето меѓу коралите
помеѓу школките со морски бисери
те изгубив,
во јатото на птиците
помеѓу птици преселници,
те изгубов,
во летот на пеперутките
помеѓу пеперутките кои поноса тајна
те изгубив,
во зеленилото на тревките
помеѓу тревките кој кријат сега тајна.

ТЕ ИЗГУБИВ

Те изгубив,
во небото помеѓу звездите,
помеѓу белите и сиви облаци.
Те изгубив,
во морето помеѓу коралите
помеѓу школјките со морси бисер.
Те изгубив,
во јатото на птиците,
јато птици преселници.
Те изгубив,
во просторот со разиграните
пеперутки,кој ја понесоа и тајната.
Те изгубив,
а вистината остана
Вистина скриена во солзите.


ТЕ БАРАМ
Те барам,
во небото помеѓу звездите,
помеѓу белите и сиви облаци 
Те барам,
во морето помеѓу коралите
помеѓу школјките со морси бисер.
Те барам,
во јатото на птиците,
јато птици преселници
Те барам,
во просторот со разиграните
пеперутки,кој ја понесоа и тајната.
Те барам,
а вистината остана
Вистина скриена во солзите.