utorak, 28. travnja 2015.

АФОРИЗМИ 106


Животот е уметнос,среќа 
која здрачи внатрешно.
Имајте убав ден!!!

***

Не тагувај кога ќе се скрши бардачето,
стомнето,ни стомнето се лепи 
ни водата се собира.

***

Водата пере се,велеше мајками 
само устата не ја пери 
ни вода ни сапун.

***
Не убави зборови се како порој 
кој се носи испред себе,
а пото нема назат.

***

На многу прашања нема одговор,
зато што не ја гледаме вистината.

***

Секој ден е патување по патеката 
кон убавините на животот.

***

Чекори сигурно,
по патеката на твојата желба 
брзо ќе стигниш до остварувањето.


Соња Таировска Ѓурчак 
29. 4. 2015 Улм 


ponedjeljak, 27. travnja 2015.

AFORIZMI 106

Секој ден,
е ново патување
кон убавините на животот.

***

Не ограничено е богаството од природата.
Нека бидат овие цветови дар за убав ден.

subota, 25. travnja 2015.

ВРЕМЕ МИНА


ВРЕМЕ МИНА


Ах, колку време мина
во осаменост и скриена солза.
а душата моја болка
пак со песна слави.
Ах,колку време мина
и во сон минам често
во тоа мое родно место.
Ах,колку време мина
и пак на младост ќе се сетам
и во мојата родина шетам.
Ах,колку време мина
тајна неможам да скријам
чаша солзи горки пијам
сега идам,сакам дома да бидам.

Соња Таировска Ѓурчак
25. 4. 2015 Улм

petak, 24. travnja 2015.

УШТЕ



Уште
чекам
во
улица
пуста.
Душа
полна
тага
густа.
Нема
да
мине
судбина
клета.
Времето,
пред
мене
лета.
Соња Таировска Ѓурчак
24. 4. 2015 Улм

ponedjeljak, 20. travnja 2015.

GLAS SE SIRI

ГЛАС СЕ ШИРИ

И после несоница долга,
порта стара се отвора мајко,
мирис на мед од багрем бел.
Се цеди и сирење младо
од пролетни тревки
и шири мирис на цвет.
Глас аманет синот праќа
Мајко дома се враќа.
Во гради мајка аманет стега,
топла солза по лице бега.
Пак желба љубов се раѓа,
дворови празни нема да бидат
деца мој дома си идат.
Секој многу љубов има
на оваа земја што и припаѓа.

20. 4. 2015 Улм
Соња Таировска Ѓурчак

nedjelja, 19. travnja 2015.

ГЛЕДА СЛУША ПИШУВА


Дали можи,
оваа земја тајна да скрије
можи ли оваа вода,
вистина да  голтни.
Не, ни земја тајна крие
ни вода вистина  голта.
Времето оди, за тајната
вечно вистината збори.

19.4. 2015 Улм
Соња Таи
ровска Ѓурчак.

srijeda, 15. travnja 2015.

АФОРИЗМИ 105

Една убава насмевка,
не ја ограничува староста
него ја продолжува младоста.
***

Не трудисе да ги бараш
грешките кај другите,
си го одземаш времето
за сопствените да ги поправиш.
***

Многу зборови носат
убави пораки,
следиги и прифатиги.
***
Многу работи треба
да ги гледаме и со срцето
не само со очите.
***
И убавината на животот
се крие меѓу убавите зборови.
***
Животот е трендафил
кој има и трење.
***
Следија светлината,
почитуваја љубовта и добрината
во тоа е вистината на животот.
***
И времето денес зборува
дека постои надеж и љубов
во животот.
***
Секоја убава мисла
има и убав збор.

15. 4. 2015 Улм
Соња Таировска Ѓурчак

srijeda, 8. travnja 2015.

ДА ТВОРИШ

ДА ТВОРИШ!!!


Да твориш,значи да сакаш,
да сакаш треба да постиш и молиш.
Постот ја зајакнува молитвата
молитвата ја зацврстува верата,
да веруваш во зботот и да го доближиш до духот,
да ја соединиш песната и да ја врзиш за нотата,
со молитва, молив и мотика тоа е закон на вистината,
стоиш пред портата на мудроста,
ја осветлуваш со љубовта.
Да твориш значи да сакаш.

Соња Таировска Ѓурчак 
11.11.2014 Велес 


subota, 4. travnja 2015.

ЖЕЛБА

Секоја желба е остварлива 
ако е исполнета со верба и љубов,
тоа е закон за секоја желба.

Животот е вечна слава 
полн со мудрост и  права.


Не труди се да ги измениш,
сите околу тебе,
изменисе сам себе,а тоа ќе го забележат  
сите околу тебе.


Соња Таировска Ѓурчак
30.3. 2015 улм 

četvrtak, 2. travnja 2015.

ххх

Една насмевка блага,
еден убав збор,
е најдобриот лек за тага.


Сликата се менува срцето и душата НЕ.
Тие се вечно млади исто како оваа слика
што е иста како тогаш и сега,
понекогаш и нашите очи не лажат,
затоа што се гледаме надвотешно,
а не се трудиме да гледаме слики внатрешно,
такви слики се секогаш полни со љубов.


Најубавиот лек за тага
е една насмевка блага.

Животот е вечна љубов,
светлина која ја осветлува
само вистината.





ДЕНЕС

Денес ме сретна,
радоста и среќата во живо
се радувам и среќна сум
во овој среќен живот.

***

Зората полна младост
носи нов ден со радост..

***

Низ цел свет
мирис цвет се лее,
а душа полна песна пее.

***