ponedjeljak, 30. lipnja 2014.

SUDBO

СУДБО


Судбо, сурова и клета
ме одтуѓи од рода света
за љубов брацка сал си плачам
топлина од сестра нема
а,судбо сурова ти ја зема.
Подари ми крила за да летнам,
брат и сестра да си сретнам.
Судбино време ќе пројди
и на оваа чудна грешка
што ја плаќам со солза жешка.
Солзи веќе немам , секна река брза
само тага на срце остана ја врза.
Верба во Бога имам,
од судбина Бог среќа прави
на сурово топлина му става
на клето благослов му дава.

BEL CVET



БЕЛ ЦВЕТ

Те видов тогаш

со тишината зборуваше
моето име го споменуваше.
Солза по лице се тркалаше
гради срце стегаш
поглет твој далеку од мене бегаше.
Солза згазнав тогаш и се решив
знам сега дека ти згрешив.
Ти дарувам сега бел цвет
и прочка барам
што заминав тогаш во туѓина во свет.

četvrtak, 26. lipnja 2014.

SEME

СЕМЕ

Во волшебна градина
семе сеам
што љубов раѓа,
со мисла итам
градина сакам да китам.
Плод голем да се стори
и многу да се роди.
Волшебна градина
и семе
што љубов раѓа
во срце,душа
и прегратка топла паѓа.
Убава песна да се пее
и љубов жетва да се жнее.
Ова семе крај да нема
што љубов раѓа
сегде да се множи
и секоја градина плод да раѓа.

ponedjeljak, 16. lipnja 2014.

МИРИС НА ЛЕТО



Занишува завесата
како да ја допира
мирисот на летото.

Тифко,тифко
шепоти тишината
со мирисот на летото.

Длабоко вдишувам
во душата моја
мирис од летото.

Младост,радост
цвет со љубов
и мирис од летото.

Цвет ке скинам
и во стих ќе го ставам
со мирис на летото.

Од солза бисер ке правам
на гради ќе го ставам
со мирис на летото.

Мирис на лето шири
љубов пружи
а, песна кружи.

nedjelja, 15. lipnja 2014.

ЖИВЕАМ ВО ЖИВОТОТ

ЖИВЕАМ ВО ЖИВОТОТ

Живеам! Во љубовта и
убавините на животот.
Превртувам нови страници
пишувам со љубов,
стварност, вистина и
убавини од животот.
Чекорам низ боите
низ боите на животот,
ковам нови идеи,
ткајам килим со букви
плетам венец за нов наслов
шијам фустан со нова книга.
Сакам, љубам и одам во
прегратките на животот.

Соња Таировска Ѓурчак
14/6/2014

utorak, 10. lipnja 2014.

КРИЛА МИ СКИНА



Мила крила ми скина
од мене направи роб.
Љубов зеде,крила скина
ти замина мила .
Зар тоа не ти беше сето доста,
и цвет роса дете ми зеде.
Љубов само клета била
што со тебе минев мила.
Со играчки децки во тишината
сега зборам,
за керкичката наша мила горам.
Слепа ли беше мојата љубов
да не ја виде мила ти,
без збогум да кажиш замина ти.
Во сон се будам
во темнината на перница те барам,
зошто крила ми скина,
замина и срце мила ми рани ти.
На зид барам слика да видам
мила нема се ми зема.
Верувај слика во мене носам
во срцево мое ја заклучив мила,
а клучот го зеде мила ти.
Ако милост имаш,
немој мила да чедо наше
по друт сега тате вика.
Мало е незнае само е цвет
што цвета во децки соништа,
ах мила ти скина и таткови крила.
Од овој час за љубов несакам
никогаш повеке да те молам,
ако за секогаш во љубов ке горам.
Не те проколнувам мила
само ке те молам,
чувај го нашето мало чедо
како очите свои мила.
Ти пожелувам да бидиш
срекна и ако крила скина мила.

srijeda, 4. lipnja 2014.

ПРОЛЕТ



Сончева
топла
разеленета
расцветана
дожлива
мирислива
чаробно
обоена
во илјада бои
расцветана
и во прегратка
небо се плави
а ластовица
гнездо прави.

ДА ТИ КАЖАМ


Сакам да ти шепнам
сакам само тифко да ти речам
НЕ!НЕ!
Сакам гласно да ти кажам.
Сакам да знаеш,
сакам да чуеш
сакам да чуствуваш
дека навистина,
навистина те сакам.

ЕЕЛА


Во село мое,
Извор вода бела
и ми вика еела.
Сонце сјајно
Извор вода бела
и ми вика еела.
Песна оро ори
Извор вода бела
и ми вика еела.
Во гради љубов гори,
а во Извор вода бела
и пак ме вика еела.

4.6.2014