НАПУШТЕНО ОГНИШТЕ
Патувам...
и силно ја чувствувам човечката расеана душа низ светот
како семе кое го понесоа олуите на општеството,
пишувајќи ги нотите
на последната симфонија на радоста.
А мајчините срца горат од жал по своите деца.
солзите се излеаја во морето
на животот,
од силен плач по сите нив.
Една мајка силно и славно
го моли Бога:
„Боже мили, каде и да одат моите деца
чувај ги, чувај ги секогаш!“
А, мајчината
душа, заспа пред олтарот
на животот, осамена и тажна,
полетувајќи во небото,
ја осветлуваше патеката
на своите чеда што заминаа во светот.
Дали ќе се вратат?
Во домот...Каде уште тлее
жарот
на напуштеното огниште.
Соња Таировска
Ѓурчак
28.10.2025
Nema komentara:
Objavi komentar