nedjelja, 26. listopada 2025.

ДАРУВАМ ВРЕМЕ

 


ДАРУВАМ ВРЕМЕ

Дарувам време
не во часови и минути,
туку во мигови што светат во душата.

Дарувам време исполнето со радост,
со насмевки што не бледеат,
со моменти што отануваат спомени,
со љубов што не се мери,
туку само се чувствува.

Дарувам време за мир во срцето,
за сила во денот,
за светлина и кога е темно,
за надеж и кога тишината боли.

Дарувам време
да го пронајдеш своето “јас”,
да ги дофатиш ѕвездите,
да се родиш повторно во секој изгрев,
исполнета со љубов, со вера,со надеж,
и со благодарност.

Дарувам време време за среќен живот,
благословиго и Ти и подариго на некој друг.

Соња Таировска Ѓурчак

26.10 2025  Улм

 



Ти дарувам време

Ти дарувам време исполнето со радост.
Ти дарувам радост споделена со најмилите —
време што останува за паметење,
време со топла насмевка и светлина во срцето.

Ти подарувам она што најмногу ти недостига:
да пронајдеш светлина и во темнината,
лек и во болката,
радост и во тагата.

Ти подарувам време во кое ќе можеш да ги дофатиш и ѕвездите,
време во кое ќе растеш во надеж и љубов.
Време кога ќе се пронајдеш самата во себе,
кога секој ден ќе биде исполнет со среќа.

Ти подарувам време во кое ќе живееш благословена
од вистината и убавината на оваа планета.

Nema komentara:

Objavi komentar