petak, 10. listopada 2025.

НИ ЕДЕН ЈАЗИК НЕ УМИРА

 НИ ЕДЕН ЈАЗИК НЕ УМИРА

Песната знае и во тишината да зборува,
додека јазиците се преплетуваат
во туѓината на зборовите.

Поскокнуваат зборовите
од утробата на стравот
да не изостават буква,
да не претрча збор
преку сликата на зборот,
кој веќе ја подава
и последната искината торба,
собирајќи ги сите јазици
што замолкнаа
пред вистината на светот.

Во оваа ноќ,
кога ќе заспијат сите ѕвезди на небото,
гордо ќе бидам будна,
и стража ќе чувам
под сонот на мојата душа.

Ќе пишувам за мојот напуштен дом,
ќе пишувам за јазикот
што го научив од мајка ми.
Ќе пишувам, ќе пеам
со песната
и за јазиците на светот
а секогаш
за мојот.

Соња Таировска Ѓурчак

10.   10. 2025



Nema komentara:

Objavi komentar