И ПАК ДА СЕ РОДАМ
И пак да се родам
по светлината ќе одам,
и душата со светлина ќе ја појам
како од извор бистра вода.
И пак да се родам,
ќе бидам љубов пред страв,
од темнината нема да бегам,
таму светлата ќе бидам.
Со чекори цврсти на патот
прав,
со молитва тивка одам и љубам,
во душата вера чиста носам,
срцето силно и свето се буди.
И пак да се родам,
ќе простувам без да пресметувам,
ќе ја греам тагата со добар збор
и солза ќе претворам во бисер.
Ќе бидам глас на тишината,
прегратка што болка лечи,
светулка во ноќта во нечиј сон ,
ќе бидам корен и небо во просторот шир.
И пак да се родам,
ќе бидам тивок глас во
вревата,
во немирот, ќе носам мир,
ќе љубам и таму каде што љубов нема,
зашто така,така се чува човечштвото.
Соња Таировска
Ѓурчак
17.07.2025 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar