nedjelja, 6. srpnja 2025.

БЛАГОДАРНОСТ

 

БЛАГОДАРНОС:

од раковоството на клубот Кирил и Методиј,Преседателот Ангел Петровски за убавите моменти на „Македонското  куртурно попладне.„Кое се одржа денес во просториите на нашиот клуб. Им благодариме на сите учесници кој насапија во читање на поезија од нашата поетеса Соња Таировска Ѓурчак, стихови се читаа од нашиот голем поетски творец кој остна  високо да свети во македонското поетско поле да ја чува  земјата наша, од Коста Солев Раци од Велес Република Македонија.Со големо внимание беше проследен и нашиот Хор Македонско Сонце,кој се престави со неколку песни меѓу која беше и песната испеана МИ ЗАПЛАКАЛО СЕЛОТО ВАТАША, заедно со песната рецитат ЦВЕТОВИ – од СЛАВКО ЈАНЕВСКИ.На сите гости,пријатели учесници им искажуваме голема благодарност.Голема благодарност испракаме до Зорица Петковиќ Мердановиќ и до госп.Мердановиќ за нивната голема  и безусловна подршка им се заблагодарува Клубот Кирил и Методиј од Улм.Голема благодарност до водителот на програмата Тони Алексовси за неговата голема активност.Меѓу овие сите знаменитости во светлина и слава ја поздравивме од далеку насата Татковина Македонија.Македонија вечна!Им багодариме на сите останатите кој беа од било кој друг разлог спречени и неможеја да дојда,а не следеа,во наредните настапи сигурно ке имаат поубави услови.Ви благодариме и ве поздравуваме со песната ПИСМО ДО РАЦИН од Соња Таировска Ѓурчак.

ПИСМО ДО РАЦИН                                                           

Во писмово, искажувам благодарност                     

за твоите творби,

учеќи ги низ школските години мои.

Не сакам да ја вознемирувам

твојата спокојна душа,

но сепак сакам се да ти кажам

и посмо да Ти пратам.

Падна ноќ,под светилка бела

мисли делам со песните твој.

Времето од времето твое

и до денес остана исто.

И денес на кантар студен

денот го мерат,

народ маки под перница крије

јадови,зора будат

и лице со солзи мијат.

Стега во гради болка тешка

и овие времиња газат судбина жешка.

Аргати останавме сите

дали дома во родина наша

или во туѓина клета,

за корка парче леб

и денес човечката душа е роб.

Мугра зора руди, секоја

душа во темнина се буди.

Писмото наше сака некој да го гори,

крв во жили течи, Македонија

секој сака на парче да ја сече.

Читај го писмово мое,

како утринска молитва во денот

сето ова сакам да го знаеш

Ти си творец кој остави многу 

и  високо остана да свети,

во цветното поле на поезијата,

во земјата наша во градот Велес

распослан по височините на двата вардарска брега.

Ти остана наш ангел буден,

писмо, јазик и на земјата наша чувар.

И по сто години пак ова писмо

и песните Твој некој ќе ги чита,

дали, и кага ќе се промени

светот нема да дознае никој.

Писмо до Рацин.

 

Соња Таировска Ѓурчак

10. 06. 2020 Улм

 

Nema komentara:

Objavi komentar