nedjelja, 13. srpnja 2025.

ПОМЃУ ТИШИНАТА И ВИСТИНАТА

 

ПОМЕЃУ ТИШИНАТА И ВИСТИНАТА

Помеѓу тишината и вистината,
молчам , и ја слушам тишината,
што бучно зборува,
скривајќи ја вистината.

По должината на животот,
неуморно чекорам и стојам
како море со милни бранови,
како човек со чиста и полна љубов,
душа што сака. душа што бранува.

И сега, по морето на животот,
можеби со потрошено време на младоста,
можеби со скриени, болни рани што болат,
гордо, со гордост,
ја делам оваа вистина со самата себе.

Се радувам! Се смеам! Благодарам!
Зошто научив една голема лекција
лекција што отвора врата
кон нов правец на животот.

А тоа се вика живот...

Соња Таировска Ѓурчак

13.07. 2025 .Улм

Nema komentara:

Objavi komentar