Неможам да ја
бирам судбината сама, таа ме бира мене.
СЕ Е ИГРА
Живејам во
времето на безстварност,
во овој свет кој
се распаѓа...
А Јас верувам во
себе
верувам во
животот,
верувам во играта
наречена живот.
Пишувам,зборувам
сама восебе
и ја прелистувам
вистината.
Да го запрам
времето
и поново да се родам
и пак се е
игра...
Соња Таировска
Ѓурчак
24.07. 2022 Улм
ПАТУВАМ ВО ЕДНА
БАСНА
Патувам во
животот на една басна
помеѓу слоговите
на двата крика.
Ноќта слепо ползи,
а јазикот се
заплеткува
во туите зборови,
расчистуваќи ја патеката
со осакатените
чевли
во чадот на црната
ноќ.
Сладоста се губи
во изгубеното време
меѓу два меридијана.
Соња Таировска
Ѓурчак
23. 07. 2022 Улм
Градината е цветна
се додека расти и
цвета,
ако нерасти и не
цвета
се претвора во
пустина.
Животот е градина.
Кога свесно свеста
ќе го свати фамиљарното стебло на животот