nedjelja, 26. svibnja 2019.

ПРЕД ОЛТЕРОТ НА ЖИВОТОТ

ПРЕД ОЛТЕРОТ НА ЖИВОТОТ                   Во книгата СВЕТЛИНАТА НА ЗБОРОТ


Палам свеќа,
пред олтерот на животот
и за земјата од која се одвоив.
Далечината ги одвои сите мигиви
остана сенка од будниот часовник ,
кој го мери времето во мојот дом.
Палам свеќа,
пред олтарот на животот
пред стеблото на животот
пред тишната
која е раскрсница
во просторот пред децките играчки
и расти во пораките на песната.
Палам свеќа,
пред олтарот на животот
молам, во тишината и даличината
кој ме одвои од стеблото на мојата вистина,
а птиците останаа да пееат
на стариот даб.
Палам свеќа ,
свеќата гори а искрите се шират
пред денот на птиците
кои го променија правецот а
улиците остаанаа без број.

Соња Таировска Ѓурчак
26. 05. 2019.Улм

ponedjeljak, 6. svibnja 2019.

MK XXX

 💗💗💗

Чистата мисла станува тело,
распостила убавина
без надворешно влиание,
и е видлива.........

💗💗💗

Цветна  убавина, која расте во свеста на природата,и несебично ја дарува....

💗💗💗

Вродена е љубовта а карактерот го градиме....

💗💗💗

Свеста е природно богаство,
а, карактерот си го градиме сами...

💗💗💗

SVESTA E PRIRODNO BOGASTVO 
A KARAKTEROT SI GO GRADIME SAMI,.....

četvrtak, 18. travnja 2019.

МК....ХХХХХХХХ


 💗💗💗

Искрајноста и вистината не се отуѓуваат,
имаат своја тежина и гордост....

 💗💗💗

 
Што се крие се,
зад фасадата
од вистинскиот живот???
 
💗💗💗 


nedjelja, 14. travnja 2019.

Biografija / Биографија

Biografija

Sonja Durcak sonja.durcak@gmail.com

11:34 (vor 0 Minuten)




Биографија:

Соња Таировска Ѓурчак родена на 15. 09. 1954 во Јасеново,Извор, Велес.
Творечките темели почна да ги гради  уште во школските денови,сега живее и твори далеку од родното место,но занеа правилото постои и сега, каде и сама вели:
Љубов со љубов само се мери и со ништо не можи да се смени.

Ова се нејзини објавени досегашни дела:

СОЛЗА И ЉУБОВ
2013. поезија
ЖИВОТ,СРЕЌА, ЉУБОВ 2013. афоризми
ПОЕТСКА ПЛЕТЕНКА 2015. поезија
ПОЕТСКИ БЕЛЕГ 2016 . поезија
ГЛАС НА ВРЕМЕТО 2017 . поезија
ВО ЖИВОТИНСКОТО ЦАРСТВО 2017 детски расказ.
ПОД ШАМИЈА ТУЃА  2018 .поезија
СВЕТЛИНАТА НА ЗБОРОТ поезија со Германси превод
ВО КУЌАТА НА ЗБОРОТ   2021 поезија 
ПЕСНИ И АФОРИЗМИ   2022 
DIE ZEIT SPRICHT 2023 
Objaveni pesni vo Frieling-Verlag  Berlin 2020 -2022
Blogger: seit ,2012
Sonja Durcak zivotot e prikazna
sonja.durcak@gmail.com

Почитувани, со голема почит радоси и љубов ве поздравувам,сите вие сте дел од мојата далечина но замене секогаш  блиски, вратата на моето срце остана отворена за секогаш, за мојот роден крај,за мојот народ,за мојата азбука и песна, кироилицата исткаена со првите пролетни цветови кој остануваат за секогаш чиста наша Македонска пролет.
Те сакам родино, Ти благодарам Татковино.
Со почит и љубобв.
Соња  Таировска Ѓурчак,Улм Германија

petak, 12. travnja 2019.

ВО КНИГАТА ПИШУВА ОВДЕ НЕ ЗАСТАНУВА ЖИВОТОТ


srijeda, 3. travnja 2019.

МК....ХХХХ


 💗💗💗

Отклучија вратата на душата,
за да влези убавината на денот.

💗💗💗

petak, 22. ožujka 2019.

ПРОЛЕТ МИСЛА ЧИСТА


ПРОЛЕТ МИСЛА ЧИСТА                             
                                                                                  Во СВЕТЛИНАТА НА ЗБОРОТ
Капка роса живот буди,
пролет стигна,
птица во небо се дигна.
Гнездо топло спрема
многу време,
за подмладок нема.
Разиграна река до езеро ита
пролет песна блика.
Фантазија чиста,
уметнички бои реди
по патеки бели,
пролет блиста
и секаде во секоја градина се всели.
Цвет во цвет и во мојата градина стигна
пролет чиста ти со радост мирис стигна.
Го разубави денот,го разбуди цветот
подари радост подари нова младост.
Вечна со векови си иста
секој цвет во тебе блиста
Ти си возвишена љубов мисла чиста.

Соња Таировска Ѓурчак
21.03. 2019 Улм