utorak, 31. srpnja 2018.

ВО МОРЕТО НА ДЕНОТ

ВО МОРЕТО НА ДЕНОТ                              Во книга бр 9

Во зората рана,
кога бродот трга,
да плови
по мирните води
во морето сино
во потрага на новиот ден,
плови во морето на денот.
а времето,
широко распослано
во морето на денот.

Соња Таировска Ѓурчак
31.07. 2018 Улм


ponedjeljak, 30. srpnja 2018.

МК....



💗💗💗

Во секое време има и време...

💗💗💗

Туѓи раце го прелистуваат сонот 
под дебелите сенки ,
а сонцето пак некаде далеку ќе зајди.

 

nedjelja, 29. srpnja 2018.

ПОМНИ

ПОМНИ                                                                   Книга бр 9

Помни и незаборавај
и кога солза по лице паѓа
убави спомени само враќа.
Животот пружа сега многу
а времето е исто како и тогаш,
помни,незаборавај
ја почвата која неранеше
гумното, кога ги собиравме
зрната кој како дијаманти
беа ширум раширени
од копитата на коњите.
Помни и пак оди напред,
таа е најјаката молитва
за подобро денес.
Помни го богаството од родната куќа
од каде го понесовме
семето на животот,помни.....

Соња Таировска Ѓурчак
29. 07. 2018 Улм

četvrtak, 26. srpnja 2018.

МК !!!

💗💗💗

Слушнија душата своја,
разберија,
само така можиш да ги
разбериш и другите души
околу себе,......

💗💗💗

Каде гори оган,
нефрлај слама...

💗💗💗

Патувај со времето,
но следија патеката на добрината....

💗💗💗

Меѓу пукнатините на денот,
остана гласот од неизреченото,
а, денот патува.

💗💗💗

subota, 21. srpnja 2018.

МК

💗💗💗

Не киниги корењето на радоста,
некојa невидлива сила води еведенција.....

💗💗💗

Благо состојбата е во понашањето....

💗💗💗

Долгите прсти, имаат кратка рака .....

💗💗💗

Убавото е осветлено ....

💗💗💗

Добрината можи да биди,
одличен факултет кој се завршува во поздрелите години,
кога се прогледува  со наочарите од народот....лошо искуство.....

💗💗💗

Во силата нема уметност....

💗💗💗

Мудриот не е итрец,он ја сака вистината.....

 💗💗💗

СЛОБОДО КАКО ПТИЦА ВО ЛЕТ

СЛОБОДНО КАКО ПТИЦА ВО ЛЕТ                      Во книга бр: 9


Сончеви здраци кои галат,
ноти на птица во лет срце и палат.
Природата ја красат,
од гора зелена, птиците се гласат.
Таму далеку негде,
под небото сино,
распослано е морето сиво,
птица во лет над морето сиво
под облаци бели према небото сино
птица, песна пее за мир во светот.
Детска насмевка во просторот
на светот, е птица во лет.
За мир и љубов за светот пеат
сонот вистински детски така го сеат.
Слободно како птица во лет.

Соња Таировска Ѓурчак
21. 08. 2018 Улм

utorak, 17. srpnja 2018.

МК

💗💗💗
Патот на животот е
најдолгото патување.

💗💗💗

Неубавите зборови 
и себичното размислување 
не се покриваат 
со безбројните поклони... ништо нема сјај....

💗💗💗

Не е богат оној кој сака само да земи,
богат е оној кој сака од своето да дади..... 

💗💗💗

Душата не се богати со туѓа пот
тука нема благослов....

💗💗💗

Да се шириш на туѓо,
каде не си подал ни чаша вода не е уметност,
има некој кој ја гледа вистината .....

💗💗💗

Не плашисе од Бога,господ не суди
суди душата која ниско паѓа....
Во дупката на стравот....

💗💗💗

Пробудија заспаната душа 
да ја види светлината на денот.

💗💗💗