utorak, 14. siječnja 2025.

МК кн 11

 

💗💗💗 

Три убави думи, оставаат светлина во животот

како и светотројството...

 💗💗💗

Поверењео еднаш изгубено , никогаш не се враќа

во иста форма.

 💗💗💗

Каменот еднаш изваден од местото ,

никогаш  неможи да се врати во истата положба,

исто е и со зборот ,изговорениот збор не се врака назат.

 💗💗💗

Не лажи го оној кој ти верува,

со вистината се надоградуваш а со лагата само  ја губиш сопствената вреднос.

 💗💗💗

Поверењето е закон во животот...

 💗💗💗

Соња Таиривска Ѓурчак

14.01.2025 Улм

ponedjeljak, 13. siječnja 2025.

ИЗВОР НА ВРЕМЕТО кн 11

 

ИЗВОР НА ВРЕМЕТО

Секој го носи изворот на своето време

а, јас патувам во времето на вистината

патувам со полната масечина во зимската ноќ

осветлуваќи го патот пред моите чекори.

Од напукнатините навираат боите

боите на животот, обоена една вистина. 

Го најдов времето во универзумот

на вистинското време .

Времето тешко како камен 

врзано за земјата  понесано од ветровите на тишината

го означуваш времето  го означуваше времето

на еден изгубен рачен часовник.

Стигнав до времето на дождот

ме допрееа солзите на мојата мајка.

Секој го носи своет време .

Соња Таировска Ѓурчак

13.01 2025  Улм

utorak, 7. siječnja 2025.

МИР БОЖЈИ

 Мир Божји Христос се роди !

Да врвиме по Христовата светлина
Да ни се наполни душата со љубов
Срцето со милост,да врвиме во Христа .

srijeda, 11. prosinca 2024.

НА ГУРБЕТ ПОЈДОВ кн 11

 

НА ГУРБЕТ ПОЈДОВ

На гурбет појдо и назат не се дојдов,

дали ксмет беше што толку далеку појдов

во далечина туѓа земја јас Мајко  дојдов

туѓа земја јас пројдов.

Патувам со времето

се борам со несигурноста и денес

а, верувам во она што е посилно од мене.

Верата ме води, која по  Бога оди

во природата вистината  ја гледам

која Бог  ни ја благослови и јас ја следам.

Традицијата е наследство

а верата е најсилна.

Светот стално се менува во блага нада

а јас го барам одговорот

зошто овде на гурбет дојдов.

 

Соња Таировска Ѓурчак

11.12. 2024 Улм

četvrtak, 5. prosinca 2024.

MK

 

***

Во матриалната благосостојба клучот е телесното здравје...

***

Секојдневната молитва е умствена  смиреност...

***

И смрта припаѓа во живот...

***

Соња Таировска Ѓурчак

05. 12. 2024 Улм

subota, 30. studenoga 2024.

МК

 

 💓💓💓

Пред да почниш да го критикуваш туѓото,

погледниго своето...

 💓💓💓

Нај големиот сведок за се и во се е огледалото...

 💓💓💓

Во секој песок има дијамант

Како во секое жито кокољ...

 

 

Соња Таировска Ѓурчак

30. 11. 2024 Улм

 

 

 

 

МК

 

Куќа без темел е како бунар без вода,

Дрво без корен, го вее секој ветер

и далеку го носи,

и часовник бес сказалки неможи да го мери времето...

Се е поврзано со умственоста.

 

Соња Таировска Ѓурчак

30 11. 2024  Улм