Кога паметот заборава,
а,срцето престанува да чука
останува само духот вечен.
Кога устата е полна со мед
Нека небиди срцето полно со отров.
Кога паметот заборава,
а,срцето престанува да чука
останува само духот вечен.
Кога устата е полна со мед
Нека небиди срцето полно со отров.
БОИТЕ НА ЖИВОТОТ
Одминуваат и не прашуваат ништо.
Раздиплени по ливадите на
денот
поднебесието на звезденото
небо.
Обележуваќи ги брчките на
жената
наведната над колевката над новороденчето.
Со насолзени очи го чека
домаќинот
да се вратат од печалба.
Чудотворецот на мислата и
јазикот е зборот,
кој се топи и кова во
боите на животот.
Само во боите на очите останува
летото
и во браздите на почвата,
а пченицата уште не е
доздрејана.
Вртеќи се по патот на печалбарите,
еден ден ќе се вратат во боите на животот.
Времето ќе го затрупа
бунарот,
А водата продолжува во
другиот правец
на тишината и во боите на
животот.
Соња Таировска Ѓурчак
ПРОЛЕТ ВО РОДНИОТ
КРАЈ
Птиците одлетаа,
гнездата останаа празни,
пролет поново се
буди во родниот крај.
Стариот даб
разлистува како зора рана.
Со солзи во очи и
писмо во рака мајка се буди.
Мирис на пролет,
погача пресна од фурна селска
само децки глас, нема да се гласи покрај стара мајка.
Седна мајка на куќниот праг
солзи бриши и гласно моли, вратете се деца мили
мајка за последно да испратите во живот вечен.
Стадото онеми во јазици туѓи.
Камбани бијат со
молитва тешка
животот се дели
во слогови и стихови цели.
За родниот крај
заборав нема
туѓина далечна и
јазикот ми го зема.
Кој е тој што лесно ќе живее утре?
Претопени во јазици туѓи
како Бездомниците
под синото небо.
Соња Таировска
Ѓурчак
21.10 2023 Улм
НАПИШИ ПЕСНА
Напиши песна
нека небиди само
сама.
Животот нека не и
тежи
поделија во слогови
и стихови цели .
Да можи лесно да
патува
и да живее полесно.
Напиши песна за
татковината
која одамна ја
нема.
Државни договори,
скаменати и суви водат во жив очај
во студ и глад.
Пишувам нова
песна и тоа веднаш
ја ставам меѓу кориците
во учебникот по историја
урте да ја
разбере некој.
Пишувам песна да
ја разберам сега ЈАС .
Соња Таировска
Ѓурчак
26.10.2023 Улм
Зборот е огледало
на душата.
Имај раскошна
кочија,
извор на убави
зборови.
Уста полна со
скапоцени камења
зборови нај благородно
богаство.
Небарај советници,
биди советник.
И,зборот останува
во наследство.
Зборот има моќна
сила
не е сабја ама како
сабја сечи.
ТИШИНАТА НА
ЗБОРОТ
През целиот ден
не кажува ни еден
збор,
а пишува во тетратката
на денот.
Зборот твори,
помеѓу кориците
на книгата.
Јазикот прозбори
со тишината.
Устата остана
отворена на гладните
а, зборот
заминува.
Соња Таировска
Ѓурчак
15.10.2023 Улм
ПОРТА НА ВРЕМЕТО
Животот има
време,
а, во секое време
има време.
Се преместува од
камен на карпа
од еден ден на еден
месец
во една година и
во еден век.
Времето продолжува
да патува
а човекот ја мина
портата на времето
и се сели во градината
на земјата
посеана од
божицта на цвеќето.
Колку сме
невидливи,
помали и од еден
цвет
Кој го навадува
една господова солза.
Соња Таировска Ѓурчак
05. 10. 2023 Улм