subota, 26. ožujka 2022.

Aforizmi MK

 


Не дозволувај очите да бидат
поголеми од душата,
ни земјата потешка од љубовта.


Мајчиниот дар и Господ
го размножува...


За земјата цена нема, не е купена сопот платена е со крв.


Карактерот не е ни од бога ни од рода...


Куќа да градиш нетреба многу
Карактер да градиш или купуваш скапо ќе го платиш...


Не верувај на никого,секој работи САМО за сопствен интерес
во биснисот нема ни рода ни бога.


Во умрената душа нема љубов...


Во туѓото нема благослов..


Соња Таировска Ѓурчак
26.03.2022 Улм

četvrtak, 24. ožujka 2022.

БЕРЗА НА СОНИШТА книга бр.10

 

БЕРЗА НА СОНИШТА

Молчам,мислам дека зборувам

пред списокот на минатото

во текстот на иднината.

Ја заклучувам вратата однатре.

Од денес, ја прекинувам најавената програма

да го задржам само сонот

на блиските кој замолкнуваат

пред безата на соништата.

Од оваа вечер ги снимам сомо

соништата на поетите.

Полноќ е, земјата се врти кон денот

и праќа порака на семејството на животот.

Кога денот поново  се раѓа,

се раѓа и вистината од претците

за берзата на соништата.

Времето молчи и ја запишува отсутноста на Земјата  

од плоштадот на еден заборавен сон.

Соња Таировска Ѓурчак

23.03. 2022 Улм

nedjelja, 20. veljače 2022.

ПОЗАЈМЕНИ ЈАЗИЦИ кн бр 10 .

 ПОЗАЈМЕНИ ЈАЗИЦИ

Ме разбуди смрта
во дупките на историјата,
да ја поздравам пролета
да ги исполнам празнините
на времето и просторот.
Со јазикот на слободата
кој извира во една душа на судбината.
Позајмените јазици
ја гушат историјата
а зборот остана во грлото на песната.
Еден голем сон, води во стравот на иднината,
поздравуваќи ја пролета.
Утрово додека ветровите
ги разнесуваат јазиците
стојам во годините на бегството
пред своето време и сопствената слика.
Трчаки по програмата на вредностите
се бриши историјата и културата
која остава трага од позајмените јазици.
Зборот е живо дело, кој живее
во големината на животот,
зборот на еден живот, кој љубов се вика.
Во пукнатините на историјата
остана зборот, кој извира
од изворот со песната и духот.
Живее вечно во просторот и времето.
Соња Таировска Ѓурчак
20.02.2022 Улм

utorak, 8. veljače 2022.

ЗБОР ПЕСНА

 ЗБОР ПЕСНА

Оваа песна, корен гранки пушти
Лист по лист, цвет до цвет
Со полни дланки збор песна редам
На сите гранки.
Облаци гранки покрија,
Од птиците стивнаа гласовите
Татковината и туѓината се измешаа
Песна збор сокрија.
Соња Таировска Ѓурчак
21.11. 2021 Улм

ponedjeljak, 7. veljače 2022.

DIE ENTFERNUNG

 

srijeda, 2. veljače 2022.

КУЌАТА НА ЗЕМЈАТА МОЈА книга бр 10

 

КУЌАТА НА ЗЕМЈАТА МОЈА

Куќата на земјата моја

е под олтарот на небото

во звухот на гласовите

во стихот на песната.

Мајка ми остави завет

да ја чувам куќата и зборот

да ја чувам песната и стихот

да ги чувам меѓу корицате на книгата.

Голема е куќата на земјата моја

во која живеам гордо,

го чувам јазикот македонски

во куќата на земјата моја

под олтарот на небото

Ја чувам меѓу кориците на книгата.

Соња Таировска Ѓурчак

02.02.2022 Улм

ПИСМОТО ОСТАНА НЕПРОЧИТАНО. книга бр 10

 

ПИСМОТО ОСТАНА НЕПРОЧИТАНО.

Пишувам писмо,

а буквите се судираат

како дески играчки

на хартија бела.

Пишувам писмо,

и го облекувам во руба бела,

везана со златен конец  

и  азбука буква наша.

Пишувам и праќам писмо,

примачот одамна заминал

ја променил адресата

писмото остана непрочитано.

Соња Таировска Ѓурчак

02.02.2022 Улм