utorak, 7. srpnja 2020.

СВЕТОТ Е УБАВ

СВЕТОТ Е УБАВ

Светот е убав,
кога можиме да го погледниме во очи.
Во животот нема скриена тајна,
нашата душа работи под напон на струја
и ги пренесува сите мисловни бранови
било да се лоши или добри.
Најприродна вистина која е за многу
од нас неоткриен природен свет,
цврсто веруваме дека сме успеале
во некоја лага или сме превариле некого,
а самата мисла сме ја испратиле незнаеќи
во просторот каде нема тајни...
СВЕТОТ Е УБАВ...Нема потреба од лаги...

Соња Таировска Ѓурчак
07.07.2020 Улм.

АНЃЕЛИТЕ СЕ БУДНИ

АНЃЕЛИТЕ СЕ БУДНИ    Велес 22

Будни се анѓелите,                                             Во книгата бр:9
и будно го чуваат сонот и
водата која не се собира,
а разлеана остана да бранува
во брановите на еден живот.
Сјајните звезди се огледуваат
во бистра чиста езерска вода
вода на животот.
Будни се анѓелите
и будно ја чуваат душата
која замина со песната
и сонот кој остана недосонуван.
Пејте анѓели чувари,
пејте ја песната
во полноќ кога се разминува
ноќта со денот,
пејте ја песната
за сонот кој будно остана
да го чува животот буден.

Соња Таировска Ѓурчак
05.06. 2020 Улм

subota, 4. srpnja 2020.

Мк.ХХХ

 💗💗💗
 Сите сме исти,
никој не е роден со диплома,
различни ни се желбите или мислите...
💗💗💗
Богаствоте не се мери со матријалното
добрината ја преставува богатата душа...
💗💗💗
Со зборот се пренесува гласот,
биди глас...
💗💗💗
Неставај цена на среќата,
среќата нема цена...
💗💗💗

Соња Таировска Ѓурчак
04.05. 2020 Улм


četvrtak, 2. srpnja 2020.

MK.XXXXX

💗💗💗

 
Никола Тесла ни ја осветли темнината,
нашите темни мисли треба да ги осветлиме сами.

💗💗💗

Стравот запишан во срцето на животот
ни го затвора денот.
Слободата ја запишуваме сами,
и се чита во очите на денот.

💗💗💗

Да,да тоа не е се,
животот е рај сега и тука,
се живее само еднаш а тоа е сега
да, само сега...
другата страна ја раскажуваат многубројни раскази,
кој не сме во таа можност да ги разбериме или сватиме...

💗💗💗

Кога сакаме да ја избегниме вистината
се наоѓаме на погрешна мрежа...

💗💗💗


Соња Таировска Ѓурчак
02. 07. 2020 Улм


utorak, 30. lipnja 2020.

МК.ХХХ



💗💗💗

Височината на денот се мери
со добрата мисла...

💗💗💗

 Најбогатиот дом е душата
изградена во чиста несебична љубов...

💗💗💗

Добро е многу да се знае,
подобро е да се учат нови лекции
која ги нуди животот...


💗💗💗

Колку е убаво да бидиш
добар ученик,него лош учител.


💗💗💗

Неможи се да се види со очите
ако срцето е слепо.

💗💗💗


Соња Таировска Ѓурчак
27.06.2020 Улм

💗💗💗
Сатот не го мери само времето,
него не води до целта на денот...

💗💗💗

Сите народи се добри
и заслужуваат почит,
ако сопствената мисла е добра.

💗💗💗

Во моливот се наоѓа сета вистина
и кога го оштриме болно,
и кога грешките ги бришиме со гумичката
сепак многу јасно со срцето на моливот
продолжуваме да пишуваме.

💗💗💗

Соња Таировска Ѓурчак
28.06.2020 Улм

💗💗💗

Времето не го одредува
правецот на животот,
нити го продолжува денот...

💗💗💗

Душата останува вечно млада
кога живее во времето исполнето во
љубовта на светлината...

💗💗💗

Соња Таировска Ѓурчак
30.06. 2020 Улм






nedjelja, 21. lipnja 2020.

DE XXX


💗💗💗


Sei einer von denen tollen Menschen
mit reichen positiven und unbegrenzten Gedanken.

💗💗💗

Freundliche Leute sind meiste diejenigen
mit einem Überfloss an Gedanken.


💗💗💗

subota, 13. lipnja 2020.

МК ХХХ



 💗💗💗


По утрото се препознава денот,
а човекот по делата,мислата и зборот.

💗💗💗

Стрпливи и мирно починисе во сонот
да можиш нешто да промениш во денот.


 💗💗💗

Времето,
во секое време е најголемото богаство
што го поседуваме сега и тука.


💗💗💗

Изворот на денот се вика радост.


💗💗💗

 И кога заминуваш во ноќното патување со сонот
мислата останува будна.


💗💗💗


Несебично дарежлива е природата
секој плод е благословен.

💗💗💗