ponedjeljak, 25. lipnja 2018.

КАДЕ ИМА РАДОСТ

КАДЕ ИМА РАДОСТ                                      Во книгата бр:9

Матна е водата
од дождови силни,
која течи, пред очите мои.

По улиците, кал
уморни и тешки чекори
ги матат мисли мои.

Во кое сокаче се крије радост?
Кажи, кој дели милост?

Соња Таировска Ѓурчак
25. 06. 2018 Улм

utorak, 12. lipnja 2018.

МК .....


💗💗💗

Во недоразумот нема сила,
има недоразбирање.

💗💗💗

Туѓите забелешки не се критики,
само подобрување 
на она што сами не го забележуваме.

💗💗💗 


За се што е убаво се молчи,
а за неубави нешта
се зборува многу и долго.....
💗💗💗
Сите нешта се раѓаат во поднебесијата....  

💗💗💗



Вистината не се спротиставува,
молчи не зборува ,
низ тишината одговара и победува....



 

МК .....


 💗💗💗

Во недоразумот нема сила,
има недоразбирање.

💗💗💗

 
Зборот дава сила
за децата наша мила
убави спомени оставаат трага
песни се редат, во хор
со убавиот мајчин збор.


💗💗💗

Убавиот збор
сам се преведува
на многу јазици....


💗💗💗


Секое подобро е радост,од кое се учи....

subota, 9. lipnja 2018.

БУДНО СЕЌАВАЊЕ

БУДНО СЕЌАВАЊЕ                                                                          Во книгата бр:9                           

Дотрчав до брегот а,
бродот замина по патот на водите,
се разминаа збогувањата
низ тишината на таласите
а, светлината заспа во твоите очи.
Будно сеќавање од изворите на животот
на изодениот пат, кој тивко ја пее песната
со зборовите кој останаа недоречени.
Будно барам и сеам семе,
за вистината која расти и цвета
на крајот од патот, по езерските води.
А, збогум не зедовме,
остана будно сеќавање.

Соња Таировска Ѓурчак
09.06. 2018 Улм.

četvrtak, 7. lipnja 2018.

srijeda, 6. lipnja 2018.

И ВО СОН ПАК ТЕ СОНИВ

И ВО СОН ПАК ТЕ СОНИВ                                           Во книгата бр :9 

Свеќа пред мене гори, и се топи,
сон што ноќва сонив, тој ме опи.
Во сон те барам и глас ти праќам
далеку, некаде далеку,
каде ангели пеаат и мирис љубов сеат.
Солзи во порака праќам,
за вечна љубов роса да сеаат,
да навадат цветови бели
да пеат анѓели, анѓели бели.
Мајко љубовта твоја вечно трае,
срцето мое тоа добро го знае.
И ако те нема, во сон те барам
да ја погалам твојата рака нежно.
Една мајка, на светот си ми само ти,...

Соња Таировска Ѓурчак
06. 06. 2018 Улм

nedjelja, 3. lipnja 2018.

КОГА ЗЕМЈАТА ГОСПОД ЈА СОЗДАДЕ

КОГА ЗЕМЈАТА ГОСПОД ЈА СОЗДАДЕ


Кога земјата господ ја создаде
нанижа гердан бисери со зборови,
ја благослови, земјата Македонија
и нејзиниот народ македонски.
Вечни и благословени од бога сте
македонци,
заслужно, ова парче земја ви ја доделувам
овде шумат шумите,
овде извира водата на животот
овде расти разумот,
овде е запишано светото писмо,
со златни букви е испишана вечната љубов
за светата книга и оваа земја смрт нема.


Соња Таировска Ѓурчак
03. 06. 2018 Улм