utorak, 19. studenoga 2013.

КУКЛА ОД КАЛ




 КУКЛА ОД КАЛ


Без улица и без број,

направена е кукла
од кал и без крој.
На небо, звезди сјајни
а тие очи од кал,
пиат светлина љубов и сјај.
Мирис на коса слама и кал
тоа е нејзин мајски цвет
мирис на рај.
Ја мијат дождови силни,
насмевка од лице шета,
под капка дож лета.
И кога ветре вее
прашина и кукла од кал
со љубов до небо песна пее.
Без улица и без број,
направена е кукла
од кал и без крој.

utorak, 5. studenoga 2013.

Денот е празник

Кога зората се раѓа
денот ме буди,
и празник ми нуди.
Кога сите бродови ке запловат
со бурата на денот,
за мене е празник денот.
Во длабочини убавини тлеат
во разиграно море се леат.
Разиграно море и мисли чисти
имаат празник исти.
Насмевки нежни и благи
ќе се делат,
од морето разиграни
бранови ми велат:
Денот ти е празник.


nedjelja, 3. studenoga 2013.

Гори

Како катран црн душа се стори,
како црн ќумур се во душа  гори,
прав пепел сака да ја  стори.
Љубов со катран ќумур се бори
во голема љубов сака да свети и да гори
ќумур катран љубов со пепел ќе ги пери.
Љубовта е јака и знаае да сака.






ponedjeljak, 28. listopada 2013.

Каде се криеш

Кој ли те зеде?
Каде ли те скри?
Дали си во злато облеана
или си со сребро полеана?
Или си само на бакарна плоча запишана
од цар Александар потпишана.
Каде ли се криеш?
Зошто уште во длабок сон спиеш.
Дали си во камен ковчег скриена,
со длабока вода покриена?
Или уште под перница спиеш,
зошто уште таини криеш.
Во тебе се многу тајни запишани,
и без број букви испишани.
Каде и да се криеш,
ти си книга вечна
која за навек останува,
на бакарна плоча запишана
од цар Александар потпишана.

ponedjeljak, 21. listopada 2013.

КАПКА НАДЕЖ

КАПКА НАДЕЖ


Кога зората милно ме гали,
а сончевите здраци ме милуваат
се будам 
во твојата мека постела
во 
постелата 
Мајка 
на 
надежта.
Сонив,
како облак низ  небо пројде
капка надеж кај мене дојде.
Видов оган  
светлина,
бисер
капка надеш, 
поток,
река
уметничка слика мека.

Соња Таировска Ѓурчак
13.07. 2020 Улм 



srijeda, 16. listopada 2013.

Разиграни букви


Безброј книги и разиграни букви
на саем голем има.
Како шарен килим во илјада бои
на секоја полица книга стои.
Од цел свет книги понесени
од секаде книги на полица донесени.
На секој свој јазик напишани
и со свои потпис потпишани.
Разиграни букви низ халите звонат
лифтови скала по скала гонат.
Многу народ,
среќа и насмевка од лице дели,
разиграни букви собира и сели.
И ова е голема мудрост.
Пa буква по буква собери и мели.
Разиграни букви и шарен килим
од тука збогум ќе земат,
и поново во друг грат ќе кренат.

nedjelja, 6. listopada 2013.

Воденица


Воденица, стара остана празна.
Под селото доле Воденица стара
стои сега осамена  и тажна.
Уморна од времето и соништа разни
за воденички  камења,
што останаа сега празни.
Воденичарот без збогум да земи                          
замина во царството вечно.
Плас вода низ скалини твои мини
побелен глушец последна вреќа кини.
Катанецот  зарѓал веќе,  рѓа го јади
а времето се полека од тебе кради.