subota, 28. rujna 2013.

КОВАНИ ПАРИ


КОВАНИ ПАРИ

Бисер љубов мајчин уште пука,
по чеда мили уште кука
рубин наш боја мена
мајчино срце од тага свена.
За деца мили што во свет ги прати
ни едно назат не се врати.
Долар, Шилинг,Евро
во секоја глава сега звонат
мајчини очи уште солзи ронат.
Аманет Мајка во срце стега,
сака да ви кажи за последно сега,
последен мајчин збор!
Овој живот нема да се врати,
со туѓи пари ќе се плати.
Денар е ваша стара кована пара.
Врате те се сега сите дома
и светот ќе дојди кај  нас дома
таа наша нјaстара кована пара
овде да ја бара.
За последно, Мајка сака деца да си види
и ако во ковчек ќе биди.

Соња Таировска Ѓурчак

utorak, 10. rujna 2013.

Хартија бела



На хартија бела
Се пишуваат дела.
Црно и бело
Весело и смело.
Со букви хартија се бори
И сака песна да створи.
Буква нота ќе и прави
И глас ќе и стави.
Од  тажни песни
Срца ќе се корнат
Со цемер јад ке се полнат .
На хартија бела
Се цртаат градови и села.
Слики црни и бели
Со градови  и села.
На хартија бела.

slika na nedelata


petak, 6. rujna 2013.

ПРОЗОР



 ПРОЗОР


Пред прозор јас уште седам
И во ноќта црна,
од далечина јас те гледам.
На прозор јас букви редам
Со мисла во родина бегам.
Те гледам и те следам
Сакам да си тука.
Од прозор да те гледам
Со цветови црвени и жолти
Да те редам.
Со света вода да те честам
На прозор мој ке те сместам .
Од цветови црвени и жолти
Букети ќе правам.
На трпеза дома ќе ги ставам.

utorak, 27. kolovoza 2013.

СКИТНИК



СКИТНИК


Скитник со гитара
И само една жица
Иста песна пее
Како осамена птица.
Скитниче! сакаш чаша вода
а кој ли ќе ти дади?
За усни изгорени, прегорени
Од убави зборови твои не изговорени.
Скитник веќе со седа коса
Скитничко набрчкано чело под роса
Се уште во тебе гори
И за топол дом се бори.
Со очи полни солзи
Една осамена жица
Од гитара и со песна тажна
Заспива скитник на постела снежна.
Скитник ти остана сега
Со скината жица
од гитара стара  и торба празна
Судбина клета и тажна
Што во туѓа земја згазна.