srijeda, 13. svibnja 2026.

„Писмо до Кирил и Методиј“

 

„Писмо до Кирил и Методиј“

Ви пишувам, драги браќа наши,
со почит и благодарност света,
што ни го осветливте патот
и ни подаривте азбука света.

Во секоја буква љубов гори,
во секој збор светлина сјае,
вашето писмо низ вековите
како вечна зора трае.

Не се само букви и зборови,
туку пламен што душа буди,
дар што низ времето свети
и човечкото срце го буди.

Кирил и Методиј, браќа наши,
со вашите зборови слава пееме,
низ векови одекнува песна
што со љубов ви ја праќаме.

Ти благодарам, Кириле,
за мудроста што остана да трае,
ти благодарам, Методиј,
за љубовта што уште сјае.

13 05 2026

Nema komentara:

Objavi komentar