Да ти речат БАБА е гордост, но не секој
Да ти речат БАБА
е да ти ја препуштат тишината
во која се чуваат
најтешките и најсветлите години.
БАБА не е возраст, туку амбар
полнет без сведоци,
зрно по зрно, со трпение
што никогаш не побара награда.
Таа знае дека помошта
не се мери со раце, туку со срца
што останале исправени по падот.
БАБА дава без да се раздели,
сака без да се потроши,
учи без да се издигне над другите.
Во нејзините очи животот веќе не брза —
тој се смирува.
Да ти речат БАБА е гордост,
но не секој,
има душа доволно тивка и силна
за да го носи тој збор.
А секој без да се потроши да научи,
повеке од светлината на животот.
БАБА
не секој
го носи
овој збор
на раменици
баба
е рака
што не брои
колку дала
е амбар
што не прашува
кој зема
туку
дали му треба
и кога ќе замолчи
сѐ е кажано
Во животот на една старица — БАБА — се крие богатство
собирано зрно по зрно, како амбар што полека се полни со смисла. Таа го
исполнила амбарот на животот така што денес може полесно и поубаво да ги дели
трошките од своето искуство, гледајќи го светот со очите на еден исполнет
живот.
Но не е само тоа. Таа душа ги собра сите сознанија во
амбарот на времето и сега, со полна насмевка и несебична љубов, знае и сака
безусловно да помогне.
Помогне, збор што не смее да се замени со финансиска
благодарност, затоа што токму таму се губи најсилната вредност: енергијата,
сјајот што се чита на секое лице и се огледува во секое око.
Не постојат зборови со кои може целосно да се искаже или да
се возврати таа услуга.
Ниту благодарност, доволно голема за една старица, БАБА.
Да ти речат БАБА е гордост, но не секој
Да ти речат БАБА не е само збор
туку титула што времето ја доделува
на ретките.
БАБА е амбар
полнет зрно по зрно,
со тишини, со солзи,
со радости што не барале сведоци.
Таа не брои години,
туку животи низ кои поминала
и срца што ги загреала
без да праша колку имаат.
БАБА знае да помогне
без рака испружена за возврат,
учи без да се издигни на другите
зашто љубовта што се наплаќа
веќе не е љубов.
Нејзината благодарност
е во сјајот на туѓите очи,
во мирот што го остава зад себе
како тивка молитва.
Да ти речат БАБА е
гордост,
но не секој ја заслужува тежината
на тој светол збор.