četvrtak, 20. travnja 2023.

Продавам кука

 

Продавам Кука во село Извор /Велеско

Градена е куката 1975 реновирана 2022 

Куката е со два стана и работен простор,

или за било која друга употреба.

За пошироки информации на месинџер.

nedjelja, 16. travnja 2023.

ХРИСТОСТ ВОСКРЕСНА HRISTOST VOSKRESNA

 ХРИСТОС васкресе,да врвиме по светлината на ХРИСТА да ни бидат душите полни со љубов,срцата со милост,да растиме во висисината на ХРИСТОС .ХРИСТОСТ секогаш трон во нашиот живот.Вистина васкресе АМИН.

Зборот е жив,

кој е светлина на секој пат,

и денес нека ги осветли сите патеки

нека биди мевлен на болна рана,

нека небиди сабја која срце сечи...

petak, 7. travnja 2023.

МК

 💓💓💓

 

Еден е клуч што ја отклучува вистината.

💓💓💓 

Не е богаството во џепот

богаството е во умот и во добрата душа.

 💓💓💓

Сиромаштијата е буре без дно,

колку да даваш секогаш е празно и малку.

💓💓💓 

Животот е животна камера

што снимаш тоа гледаш и живееш.

 💓💓💓

По можност избегавај ги лошите работи,

што мислиш тоа се враќа,

доброто со добро се враќа

а, лошото со лошо.


Соња Таировска Ѓурчак

07.04.2023 Улм 

subota, 1. travnja 2023.

ВО СТАКЛЕНОТО НЕБО кн 11

 

ВО СТАКЛЕНОТО НЕБО

Пред затвореното небо бега мислата

во раскрилениот облак,

поминуваќи низ замагленото огледало

низ прстите и корените на Татковината.

Се надминуваат  благородите

во стакленото небо,преплетени

со космички изткаени приказни

од обоените градови со олуи

во народната психа и физика

каде се пишува и црта.

Го лажам времето со коцка чоколадо

од моето постоење,

и со многу други реченици 

со блесок во темнината на ноќта.

Остана само едно парче облак

каде небото плачи низ пукнатините на времето

плачи и дождот, кој е крадец на убавото време.

 

Соња Таировска Ѓурчак

01.04. 2023 Улм

 

 

 

ЧКРИПАТ СТАРИТЕ ДАБОВИ кн 11

 

ЧКРИПАТ СТАРИТЕ ДАБОВИ

Корнам, една ничкосана тревка

ја стискам во раците

да ја скријам од земјата

во попладневните часови на денот.

Чкрипат старите дабови

во глувотијата на шумата

и во темнината на  дланките.

Никнуваат нови покривки

во одајата на шумата.

Кога се стемнува и спокојно

заминува душата по должината

на старите дабови.

 

Соња Таировска Ѓурчак

01.04. 2023  Улм