Ти благодарам
2022.ра Година.
Пред да се
збогуваме, сакам искрајно и топло да ти се заблагодарам годино моја 2022 ра.Твоето
време ми донесе многу убави моменти на кој сум ти многу благодарна,секако ти
благодарам и на болните нешта кој ги здобив во текот на твоето време и
остануваат да ги лечам и во 2023 година ,тоа беше само една нова лекција која ме
направи многу појака,ми ги отвори очите,да не кажувам дека ми се прочистија и
ушите па слушам и подобро.Со самите години и товарот отежнува плечките се
спуштаат а брчките се вдлабнуваа.Не не се страмувам ,гордо ги прифакам сите
овие белези,горда и среќна мајка сум ,горда и среќна благодарна баба
сум,жена неуморна со обврски и почит кон моите најблиски и моето време. Мајками велеше, се во свое време,па и во
времето има време.Ова е мое време кога се оцртуваат и брчките по лицето,косата
белее,се гледаат и килата .Не не се страмува жена сум која, која фамилија
оформи , белешки струја вода дрва плаќам,сеуште домаќинството го водам,животна
приказна која е длабоко вродена и од бога подарена во мене.Најубавото и
нај големата кариера ми се децата и внучињата,тоа е богаство и кон бога
благодарност.Не не се страмувам за борбата која ја водам со тишината, тагата
која остави бразда во живата приказна,
сето ова ме направи појака жена.Ти благодарам годино моја 2022ра. А сега додека
ти се заблагодарувам уживам во последниве часови сотебе во ова твое време које
ме гали и ми нуди нова година и нови 365 дена.
Одам во времето и
просторот да ја следам вистината да ја почитувам природата законот оставен во тестаментот во стариот и
новиот завет во Библијата.
Добредојде 2023
година ,добредојде во новите 365 дена, нека секојдневно се сее семето на
цветовите за мир, радост, среќа,здравје,успех,почит и љубов во светот.Добредојде
2023 година.
Соња Таировска
Ѓурчак
30. 12. 2022 Улм