ДЕНЕС Е НЕДЕЛА
nedjelja, 30. listopada 2022.
ДЕНЕС Е НЕДЕЛА кн 11
МОЛК ВО ШУМАТА кн 11
МОЛК ВО ШУМАТА
Се соголи
шумата и замолчи,
во срам на
поглед,пред гранките голи,
капка солза,
тишина полна
од страв која
бега пред вистината.
Глас кој го буди
денот
скриен во ноќта,
боите на една душа
се одмараат
во гласот на
песната.
Пред виулицата на
стравот,
устата остана
отворена
а сонот се ниша
пред очите на денот.
Се соголи
шумата и замолчи.
Соња Таировска Ѓурчак
30.10.2022 Улм
nedjelja, 9. listopada 2022.
МК
Земјата и книгата
имаат и двете
големо значење,
само од книгата
неизвира реката
ни се сее пченицата...
srijeda, 5. listopada 2022.
utorak, 4. listopada 2022.
ЧЕТИРИ КАПКИ ВОДА кн 11
ЧЕТИРИ КАПКИ ВОДА
На исток капка
вода
на запад солза
моја,
север завива на
глас
а југ далеку од нас.
На четири страни вода
ни трага ни глас
од рода,
со времето туѓината
ја делам
туѓина долга која
лето нема.
Четири капки вода
капка по капка течат
во иста река,
со крст вода се свети
на сите четири страни,
за мир и радост
црквата наша моли
овој народ да го
спаси.
Исток,запад,
север, југ
на сите четири
страни светот е ист и нема друг.
Соња Таировска
Ѓурчак
04.10.2022 Улм
ponedjeljak, 3. listopada 2022.
ПАТУВАМ БОСА кн 11
ПАТУВАМ БОСА
Патувам боса со песната,
со песната од која ме болат нозете
долги печалбарси песни
кој ги пишувам на мајчин јазик.
Одам боса,
пишувам македонска песна
на прстите ноктите ме болат
а туѓите чевли ме стегаат..
Соња Таировска Ѓурчак
03. 10 2022 Улм