ponedjeljak, 29. srpnja 2019.

ПРОГРАМА НА ДЕНОТ

ПРОГРАМА НА ДЕНОТ                                          Во  книга бр:9                
 

Програмата на денот,
се снима:
Ливадата полна со пеперутките    

и црвено бели цветови,

милуваат и оставаат насмевки.
А денот снима,
јас праќам само еден глас.

Под манастирот во утрото рано
птиците проучуваа нови јазици,а,
големите и малите сили
пишуваат нова програм на денот,
се снима:

 

Се снима секој нов ден,
се снима секој час,
 

се снима секој миг,

се снимаат сите должини,
се снимаат сите ширини и висини
а јас праќам само глас,
мир и радост во целиот свет.

Соња Таировска Ѓурчак
27. 07. 2019 Улм

četvrtak, 25. srpnja 2019.

КАМЕНО ВРЕМЕ


КАМЕНО ВРЕМЕ                                                    Во книга бр:9                 

Молк,
во камено време
се зазидуваат спомени
под месечината,
каде ги кријат вистините
и,се зидаат споменици.
Молк,
во државата каде живее
камено време
зидаат камени гробови
и ги редат по ред
со глинати бардачиња
да се најде за душа
да имаат што да пијат мртвите
да им биди лесна земјата...
А молитвата и мирисот на темјан
се изливаат во целата планета
ангели песни пеат 
од славејот на земјата.
Молк,
кога ги закопуваат
живите души,
а душата молчи
во молкот на каменото време.

Соња Таировска Ѓурчак
25. 07. 2019 Улм

nedjelja, 21. srpnja 2019.

ГНЕЗДОТО ОСТАНА ПРАЗНО


ГНЕЗДОТО ОСТАНА ПРАЗНО                                Во книгата СВЕТЛИНАТА НА ЗБОРОТ

Ги спуштив куферите,
пред хотелската соба
обидуваќи се да ја отклучам вратата
меѓу тесниот ходник
од каде се слушаа разтрчаните зборови
на избеглиците.
Ме прогонуваа мислите
за кој мислев носат ред
а во воздухот се гледаше неред,
и во раците на хотелската собарица
се читаше прогон.
Старата прашина се разлеваше
од хотелскиот теписон
како мирис на визба
со заклучени децки играчки.
Измеѓу пукнатините испод часовникот
се криат зборовите од боговите
кој ја благословуваа земјата
во која растеше едно дете.
На прагот на неговата земја
остана отворен празен плик
кој го изгуби еден непознат минувач
а мириса на прогон.
Гнездото остана празно.

Соња Таировска Ѓурчак
21. 07. 2019 Улм

МК /ХХХХХ


 💗💗💗


Во дворот на денот
се шири мирис на темјан
а птиците го будат денот.


💗💗💗

četvrtak, 18. srpnja 2019.

СТРЕДА ОСУМ И ТРИЕСЕТ ВО КНИГАТА БР 9


СТРЕДА ОСУМ  И                            ТРИЕСЕТ                                                                                
Кога времето ме сретна, ги бришев патеките, а чекорите ги криев под стрелките на часовникот. 
Дождот се лизга по образите на времето кое поминува измеѓу ројот на мравките, а разумот се ниша по кривините на денот. Ги канам зборовите и барам одговор од спомените кои ја промашија целта. 
Го слушам осамениот глас од далечината на мојот јазик и плачот пред туѓо срце. 
Ги слушам боговите кои ја одредуваат судбината. 
Зборот кој си игра, како дете со ситен песок, останува во бистрите реки, а адресата се губи во детските приказни. Сеќавањата остануваат засекогаш на првата адреса и истото време - среда, осум и триесет. 
 
Соња Таировскa Ѓурчак 
17. 07.2019 Улм                                                                                                                 

ponedjeljak, 15. srpnja 2019.

НОЌНА СВЕТУЛКА

#светулка

НОЌНА СВЕТУЛКА                                    Во книгата СВЕТЛИНАТА НА ЗБОРОТ

Ги распослав сите насмевки
за да ги покријам сите тежини.
А ноќта живее,
прегрната со облаците,
го слушам шумот и шепотот под земјата
и таласите на будното море.
Ноќната светулка го напушти огнот
ги облече чевлите и замина
во непознатиот град
каде спие мојата душа
во далечината на ноќта...

Соња Таировска Ѓурчак
15. 07. 2019 Улм

petak, 12. srpnja 2019.

ТЕЖИНАТА НА ЗБОРОТ

# момент

ТЕЖИНАТА НА ЗБОРОТ                                во книгата бр 9  

Од длабочината
на еден момент
го простирам зборот,
пред светлината на денот.
Далечината се разголи
а тишината се ниша
пред тежината на зборот.
Во овој момент устата молчи,
снегот се топи,
во очите на полето,
и во тежината на зорот.

Соња Таировска Ѓурчак
12. 07. 2019 Улм

АВТОПАТОТ НА ЕДНО ДЕТЕ

АВТОПАТОТ НА ЕДНО ДЕТЕ                                Во книгата СВЕТЛИНАТА НА ЗБОРОТ

Трча,
трча во денот
и подзастанува да семи здив
од шуплината на кавалот
кој трепети во огнот
меѓу хартијата и пепелносните ноти.
Застана пред стеблото
посакуваќи да го пронајди
темелот на новиот автопат
и земјата изгубена во очите на едно дете
Трча,трча во денот.

Соња Таировска Ѓурчак
12.07. 2019 Улм