nedjelja, 24. veljače 2019.

МК ...ХХХХХ

❤️❤️❤️
Кога сите Ти мачкаат мед по мустаќите,мислиш е чист и природен,кога ќе пробаш знаеш дека е само хемиска состојка.
❤️❤️❤️
Се што е природно се е бесплатно.
❤️❤️❤️
Секоја хемија скапо се плаќа,и остава лошо искуство.
💗💗💗

petak, 22. veljače 2019.

ОСАМЕНО НЕБО

ОСАМЕНО НЕБО
                                                                                     Во книгата СВЕТЛИНАТА НА ЗБОРОТ
Далеку остана, сонот кој го сонував
во постелата,во камената куќа.

Далеку се, излеваат гласовите
на сите пролетни птици,
далеку се, ливадите кој ги претрчував
и ме галеше мирисот на цветовите.

Далеку се, сите спомени
кој никнуваат во пролет
пред погледот на светлината
и се губат во бурата на еден живот.

Далеку се, стравовите по темните улици
кој како пред свеќа чекорат
во стрпливоста на ноќта.

Дождот ги мие очите на осамената болка,
а времето ги бриши солзите
кои се разлеваат по патот на осаменото небо.

Соња Таировска Ѓурчак
22.02. 2019 Улм

ponedjeljak, 18. veljače 2019.

МК ххх

 💗💗💗

Во сонот на животот
сонуваме за дијаманти,
и останува само сон...
зата што немаме време да се пробудиме.

💗💗💗

Добронамерната душа
секогаш има време
бесусловно да помогни....

💗💗💗

 
Добрите дела се создаваат,
не се продаваат
ни купуваат...

💗💗💗

ponedjeljak, 11. veljače 2019.

МК хххх


💗💗💗

Со туѓи чевли не се патува.

💗💗💗

Секоја грешка,
е нова животна лекција.

💗💗💗

 
Големината
на човекот
се добрите дела
кој се раѓаат од
изворот на душата.

💗💗💗

Под секое дрво има сенка.

💗💗💗

srijeda, 6. veljače 2019.

МК ХХХХ

💗💗💗

Никогаш не е доцна!
Bildergebnis für bilder mit blumen kostenlosЧекори по патот, на твоите соништа,
и следија цветната тишина која те води.                

💗💗💗



ponedjeljak, 4. veljače 2019.

МК ХХХХХХ

 💗💗💗

Секоја повреда е болна,
и нова страница во животот.

💗💗💗

 
Си седам и размислувам,зошто инвестираме повеќе време во непотребни и лоши работи, одколку да прифатиме и да и се радуваме на една добра.....!!!

💗💗💗

Колку е убав светот !

💗💗💗

Денес е нов ден !

💗💗💗

Чекори по патот, по патот на твоите соништа.

ВРЕМЕТО СТОИ

ВРЕМЕТО СТОИ                                                    Во книгата СВЕТЛИНАТА НА ЗБОРОТ

Под насменка, солзи кријам,
сакам да те видам!
Скршена чаша во илјада бои,
во неа паѓаат солзите мои.
Пред мене светот се сруши
и солза ме гуши.
Во мисли мои,времето стои
времето кое време брои.
И пак пролет ќе цвета,
осамена птица по туѓина лета.


Соња Таировска Ѓурчак
03. 02. 2019.Улм

TIME STOP

TIME STOP     Hebreüsch

תחת הגאות אנחנו רומסים דמעות,
אני רוצה לראות אותך!
כוס שבורה באלפי צבעים,
בתוכו דמעותי נופלות.
לפני העולם התמוטט העולם
והדמעה מוחצת אותי.
המחשבות שלי, הזמן עומד
הזמן שחשוב.
והאביב ישגשג,
ציפור בודדה בקיץ.

סוניה טאירובסקה גיורסק
03. 02. 2019. אולם

subota, 2. veljače 2019.

ДЕЦКИ ПОВОЈ МАКЕДОНСКИ


ДЕЦКИ ПОВОЈ МАКЕДОНСКИ                      Во книгата СВЕТЛИНА НА ЗБОРОТ

Порој надежи, останаа,останаа,
скриена во повојот македонски.
Во скриени цветови на пролет млада
останаа да растат по ливади цветни.
Останаа порој надежи по темелите
на камените селски куќи,
под кој се кријат вистините
ткаени во памучен повој македонски.
По браздите тутун ќе садиме
со децки повој бали ќе врзиме
и пак почит ќе имаме по коските
на пратениците....
Пред најсветите кој спокој во тебе најдоа
останаа во висопчините на горите
во пространсвото на полињата
да дишат во децкиот повој македонски.
Афион цвет аловен,и сметка девизна
гратски алати,нови науки донесоа
родот го одродија од зората
од децкиот повој македонски.
Знам, во тебе секој место има
од твојата утроба секој мудрост зима.

Соња Таировска Ѓурчаќ
26. 01. 2019 Улм


мк хххх


 💗💗💗

Животот е убав,
но и многу краток
должината на животот е вистината.

💗💗💗