ponedjeljak, 31. prosinca 2018.

ПОЧИТУВАНИ бр 1,2,3.



ПОЧИТУВАНИ,
Се збогуваме и се заблагодаруваме на уште една година која заминува во магнетското поле во просторот и етеро кој ги запишува и чува сите вистини од овој наш живот кој е вистина, но сепак неоткриено богаство за нашето постоење овде и сега.Со голема благодарност да ја испратиме 2018 година низ која минувавме со многу радост,успех,среќа и уживавме во совршено здравје.Во широки прегратки да ја примиме новата 2019 година во која исто така си посакуваме да уживаме во секојдневно здравје, радост,стреќа успех и сите врати во посаканите желби да бидат ширум отворени.
Нашата радост секогаш да ја пее песната за МИР И ЉУБОВ за сите наши во Македонија и сите Македонци ширум светот и во целио свет да има МИР И ЉУБОВ
Сето ова Ви го посакувам на сите и оное кој оваа порака неимаат можност да ја прочитаат но мојата мисла нека биди жива струја и нека стигни до секоја душа .
СРЕЌНА НОВА 2019 година МИР И ЉУБОВ во целиот свет.
Соња Таировска Ѓурчак
31. 12. 2018 Улм

 
Почитувани,
како год ја пречекавме новата година,некој во големо весело распеано друштво,некој во помамло,или домашна атмосвера,многу и сами а полни со голема нада во новата година за исполнета радосна година .Закорачивме по патот на годината,запловивме по водите на годината,полетавме во просторот на годината,возот трга,авионот полета,полетаа сите бели гулаби за Мир и Љубов во оваа нова преубава година кој со гордос и радост ни стои на сите на располагање.Со радост и во радост да ја исплниме секоја минута и секоја желба вистина да ни биди и остварлива во оваа нова година.Да го почуствуваме пурсирањето на годината,да ја осетиме топлината на годината,да ја почуствуваме радоста на годината , со полна насмевка,да и бидиме благодарни и цела година да ни биди година на среќа и радост.
СРЕЌНА НОВА 2019 година МИР И ЉУБОВ во целиот свет.


Соња Таировска Ѓурчак
01. 01. 2019.Улм


Драги мои.
Триста шеесет и пет дена чекоревме во 2018 година која ни беше година на радост,сега стигнавме пак пред една нова 2019 година ,година во која имаме нада, вера, љубов за целата и во целата година.Широко ги отвори портите на радоста, среќата, вистината, светлината, убавината и венец стави од чиста љубов кој ни ја подари одма кога уште стрелките означуваа 24 часот и се разделуваа со полна прегратка годините две.И благодарам на годината која зеде збогум и замина,и благодарам и и се радувам на новата 2019 која со нов сјај и насмевка на лице ни пристигна.Посебно сакам на сите да ви ја испратам и оваа честитка како благодарност во се,за убавите моменти кој ги делевме заедно и во радост,со почит и во радост Ви благодарам СРЕЌНА НОВА 2019 година.

Ве сакам сите.Соња Улм ,Велес.
01. 01. 2019 Улм

nedjelja, 30. prosinca 2018.

СОН МЕ БУДИ

СОН МЕ БУДИ                                                       Во книгата бр:9


Сон ме буди мајко,
како кокиче во пролет,
под снежна покривка.
 
Се будам и го кријам сонот
во прегратка топла,
ги милувам спомените.
 
Во одаа и огниште наше 
уште искра свети,
а копнежот расти.

 
Го чувам сонот,
по вените каде крв течи
по водите на животот.
 
Сон ме буди мајко,
пред утрото бело,
а тебе, тебе те нема.


Соња Таировска Ѓурчак
30.12.2018 Улм


nedjelja, 23. prosinca 2018.

МК ...ХХХ


Bildergebnis für bilder kostenlos


💗💗💗


Секое време, остава приказна иза сабе.

💗💗💗

Денот е пат по кој патуваме целиот ден....
и пак се враќаме во домот на нашите мисли.

 💗💗💗

Бродчето на денот, 
го чека својот патни да заплови во убавините и изворите на денот...

💗💗💗 

Во аголот на животот има и добри поуки.

nedjelja, 16. prosinca 2018.

ВРЕМЕ

Времето во кое живееме е едно и единствено и полно е во радост, да се трага по радоста е непотребно,радоста не е тајна или скриена во приказните на животот,радоста се чита од секоја топла насмевка.


💗💗💗

МК ......ХХХХХ



💗💗💗

Она само што се има во себе
тоа само можи да се поклони.

💗💗💗

Стравот ја краде слободата.

💗💗💗

Умот е најголемиот пријател
а исто така и најголемиот непријател.

💗💗💗

subota, 15. prosinca 2018.

ПИШУВАЈ

ПИШУВАЈ


Пишувај на компјутер
или во некоја тетратка
која останала недопишана од школските денови.
Пишувај, животот е школо
кое е полно радост,
поделија радоста со моливот
која останува вечно.
Животот е богаство кое излегува однатре,
а се распостила надвор.
Животот води во слобода
со секој убав пишан збор.
Пишувај, секој збор
нека биди запишан со радост.


Соња Таировска Ѓурчак
15. 12. 2018 Улм


petak, 14. prosinca 2018.

ЦВЕТОТ ЦВЕТА афоризма

Цветот цвета и станува вистински,
независен,
силен и слободен,
ајде и ние сите од денес
да бидиме силен и слободен цвет.....
Bild könnte enthalten: Blume, Pflanze und Natur

četvrtak, 13. prosinca 2018.

MK XXXX

Ubavinata na denot sozdava dozivuvanje na stvarnosta,prensena so radost vo cvet.....

srijeda, 12. prosinca 2018.

ЖУБОР НА НОВ ЖИВОТ


 ЖУБОР НА НОВ ЖИВОТ                                 Во книгата бр:9


Кога сонцето се раѓа
под сенките на облаците,
месечината заминува
во прегратките на ноќта.
 
Зората го раздиплува сонот
исткаен во ноќната постела,
а во тишината се шири
мирис на роса,.
 
Врбата бранува со долгите златни коси
во огледалото на денот, минува
поточето распеано и будно.
Се слуша жубор на нов живот.


Соња Таировска Ѓурчак
12. 12. 2018 Улм

subota, 1. prosinca 2018.

МК .ххххх


 💗💗💗

Во лошиот збор нема вистина ни оравда.

💗💗💗

Убавиот збор е украс на секој јазик.

💗💗💗


Светот се гледа секогаш однатре,
како е натре во душата 
токму така е и надвор.....
💗💗💗 


Времето гледа,
посматра со божи очи
во свесно сторени сериозни грешки....

💗💗💗