subota, 18. kolovoza 2018.

МК ......

 💗💗💗

Опростии на прошлоста, прегрнија иднината.....

💗💗💗

Работам, стварам и живеам ,а не да плаќем само сметки.
💗💗💗

Времето никој неможи да го промини,дадено ни е на сите исто за користење.

💗💗💗

Вистината е најголемото богаство што води во чист живот.

💗💗💗

Животот нема граници ништо не е нејасно нити е магловито,секој убав почеток има и убав крај ,каде владее најсовршената вера и вистина....

💗💗💗 

Животот е рудник од каде се копа рудата на животот а не е тајна.

💗💗💗

Zivotot e rudnik koja se dolovuva od dlabocinite na toj ziv rudnik koj e sekojdnevno ziv i go gradi zivotot so podzemnoto bogastvo a go osvetluva svetlinata i ne e tajna.....

srijeda, 8. kolovoza 2018.

СЕ РОДИ ДЕНОТ


СЕ РОДИ ДЕНОТ                                                                   Во книга бр :9

Заиграа ноти под кожата на денот,
потекоа бразди во ораниците на умот
врева се роди во стакленото време
се роди младост, се роди радост,
се роди и звукот на денот.
Со утринска песна раскажува денот,
кој секој ден понова се раѓа.
Се роди денот по должината
по должината на часовникот
и чекори испред мене.

Соња Таировска Ѓурчак
08.08. 2018.Улм

četvrtak, 2. kolovoza 2018.

ВО ДОМОТ НА ОСАМЕНОСТА


ВО ДОМОТ НА ОСАМЕНОСТА                                    Во книгата бр 9

Во секој агол на осаменоста
се крие надеж.
А јас, ја слушам тишината ,
тежината ми ја краде татковината.
Сонот спие, а ноќта е будна.
Звездите ја чекаат зората
како на граничен прелаз,
да ја преминат ноќта.
Ги слушам птиците,
птиците преселници
кој ја најавуваат пролета.
Во домот на осаменоста
се е исто како и вчера,
остана само, љубовта врзана
во цветната шамија.

Соња Таировска Ѓурчак
02. 08. 2018 Улм