srijeda, 31. siječnja 2018.

МАЈКА

 МАЈКА / МАЈЧЕ

Среќен роденден мајче,
младост,радост 
уште во твојте жили тече,
љубов душа твоја полна ечи,
а годините твој како некој да ги сечи,
не грижи мајче мила,
ти си ни заслониште секогаш мила,
твојата насмевка топла ни дава многу сила,
да си ни здрава радосна и ЖИВА,
ТЕ САКААТ СИТЕ ДЕЦА МАЈЧЕ МИЛА.....

subota, 27. siječnja 2018.

СЕ ПРАШУВА


СЕ ПРАШУВАМ                                                        во книга бр .9

Се прашувам,
зошто си сега толку тажна,
во животот твој, има многу дела важна.
Чеда твој во Европа подаваат рака
мевлен да стават на твојата мака.

Се прашувам
зошто плачи твојата душа,
кога твојата вистина во светот се слуша.
Твоето срце е извор, живот што дава
поголемо е од почвата твоја ,
живот што раѓа.

Се прашувам,
зошто сите сонат, соништа празени,
водат струи мисли разни,
Ти си звезда будна
Ти си за Европа уште многу чудна.

Се пашувам,
иако тоа и сама го знам,
Ти си Македонио сила
Ти си ни на сите, и во Европа мила
љубов лице роса ти мие,
љубов душа во тебе блика,
Европа те сака и Те вика.

Соња Таировска Ѓурчак
27. 01. 2018 Улм



МОЈАТА БАБА СРЕБРА

МОЈАТА БАБА СРЕБРА                           ПОД ШАМИЈА ТУЃА

Оваа песна, и ја посветувам
на баба ми Сребра,
таа беше мојата мала баба,
добрина носеше во себе
и потешка од злато беше.
Љубов имаше за сите
живитот го љубеше силно
и така девеесет и три ги стори милно.
Не заврши нејзинијот живот тука
остана баба Сребра за сите нас тука.
Во силни и убави збирови се сеќаваме сите
и во светлина ги гледаме денес дните.
Седум судби срцето и рани
седум деца заминаа на сите страни,
дали беше тоа божја грешка
за мојата баба Сребра казна тешка.
И пред смртен час, посака сите да ги гушни
глас од чеда внуци и правнуци
тагуваше да ги слушни.
Баба Сребра во небо се вивна
летна и кај Бога стигна.
Се поклони пред Бога
и низ молитва го праша тивко:
Боже каква таа твоја беше грешка
а замене казна тешка,
чеда мили ти во свет ги прати
ни ти едно стигна,
мене на вечен живот да ме испрати.
Керко мила Господ рече Сребро мило,
Ти си сребро и злато тешко
Твојата љубов е потешка и од сјај
затоа керко мила што истрпи на се
стигна и до овој божи рај.

Соња Таировска Ѓурчак
27. 01. 2018 Улм.




srijeda, 24. siječnja 2018.

СО ЉУБОВ ПОЛНА


 СО ЉУБОВ ПОЛНА

Од кладенец, студен вода течи                                   Во книгата бр 9
од душа, љубов полна,
збор по збор песна ечи,
вистина во душа гори,
душа љубов полна мори
и така секоја песна се стори,
со љубов полна. 

Соња Таировска Ѓурчак 
24. 01. 2018 Улм