subota, 24. lipnja 2017.

АФОРИЗМИ НА ДЕНОТ


 *****

Љубовта со пари не се купува....стара поговорка.

 *****

Животот е  богаство .....

 *****

Убавиот збор е мелем на рана.....

*****

Зборот лекува.......

*****

Рајот е во душата....

*****

Животот е цвет кој пее....

četvrtak, 22. lipnja 2017.

БЕССМРТЕН ЖИВОТ бр.9

БЕССМРТЕН ЖИВОТ                                    во книгата бр.9


Во животот живеат,
сенките кој патуваат,
и ја вртат демензијата на животот
високо издигната над житото.
Семе посеано во животот
а родот благословен
од утробата на земјата
со нов бессмртен живот.
До звезденото небо,
се слуша песната
од брановите на житото.
Сонцето дарува,светлина,
далечината љубов,
утрото те повикува во бессмртен живот.


Соња Таировска Ѓурчак
22. 06. 2017 Улм


subota, 17. lipnja 2017.

XXXXXX 1

Секое добро брзо се заборава
блазе си му на оној кој памти
БОГАТ Е
има потковици златни
и дијаманти кој ги памти.
Соња Таировска Ѓурчак

nedjelja, 11. lipnja 2017.

КНИГА афоризми

Книга моја нова пак се листа
секоја буква се блиста,
среќа како море бранува
оваа книга тука не застанува,
само белек останува.

Соња Таировска Ѓурчак 
11. 06. 2017 Улм

*****

Животот молчи,
а времето патува
со тишината на цветовите.......

*****

И ВО ПУСТИНАТА ЌЕ РАСЦУТАТ 
БЕЛИТЕ ТРЕНДАФИЛИ 
АКО ГИ НАВОДНУВАМЕ 
ОД ИЗВОРИТЕ НА МУДРОСТА

АФОРИЗМИ


*****

Мислата е,род од секое посеана семе,
во градината на животот.

*****

Негативните мисли се пустош за
градината на животот.

*****

Верата и вистината се најубавиот плод
во градината на животот.

*****

Од прозорецот на срцето се гледа вистината. 

*****

Убав живот гради само убавата мисла.

*****

Се во животот има своја мера,
ако искрајно и точно се мери нема грешка
ако се става плус или минус
тоа е намерна грешка,која одзема од себе.....

*****

Мислата е водилка во животот.

*****

Ако сакаш сакај искрајно и вистински
исто како и мајчината љубов
само таа е најчиста и највистинска.

*****

Уште од колевка ја имаме сите истата можност за животот....

subota, 10. lipnja 2017.

МИР ДА ЦАРУВА бр.9

 МИР ДА ЦАРУВА                      во книгата бр. 9.               

Долг е патот,
по кој патува денот,
измеѓу небото и земјата
патува денот и радост носи.
.
На секоја земја мила
род и подари и сила,
во секоја планина и гора
извори до потоци и реки.
 
Од денот, глас се шири
со вера и молитва мири,
љубов во цел свет дарува,
секаде во светот мир да царува.

Соња Таировска Ѓурчак
10. 06. 2017 Улм

četvrtak, 8. lipnja 2017.

ГЛАС ОД ПЛАНИНАТА бр 9

ГЛАС ОД ПЛАНИНАТА                                           книга бр 9 .

Се родив,во подножјето
на планината Јасеноглава.
Од дабочините
извираше поточето
кое се потсмевкаше
и ја крадеше тишината на сенките,
кои на пладене преспиваа.
Се родив таму  каде се слуша 
глас од планината а сега живеам овде,
каде Дунав брзо течи,
јато птици чекаат да  фатат  миг од сонцето 
пред да заврши денот.
Струењето,на водата и воздухот
одминуваат, како непознат патник
меѓу времето на бегалците.
Се родив,таму а сега сум овде
на брегот кај се протега Дунав
распослан како победа на денот
со разиграни букви,
зборови, во стихови нанижани.
Се родив,таму,овде со животот се борам
пишувам и творам.
Те сакам Родино
Те љубам и Ти благодарам Татковино.

Соња Таировска Ѓурчак
08. 06. 2017 Улм

АФОРИЗМИ

*****

Од кој извор извира љубовта ....

*****

Каде е изворот на љубовта ....

utorak, 6. lipnja 2017.

ЉУБОВТА НА ЗЕМЈАТА ШЕПОТИ

ЉУБОВТА НА ЗЕМЈАТА ШЕПОТИ

Во убавината на утрото
кога заминав
и збогум зедов,
сонот остана
под преницата на љубовта.
Утрото се распосла
а сонцето го прегрна денот.
Капките роса тргнаа по патот
осамените птици летаа под небото,
кога заминав.
Сите птици се враќаат во гнездото
на стариот даб,
под покровите на камените куќички
кој се срушени
од времето од потресите
на непознатите, довикувќи во
силен плач....
Изворот на душата.
А љубовта на земјата шепоти......

Соња Таировска Ѓурчак
06. 06. 2017 Улм