ИМЕТО И Е ЉУБОВ
Се роди под
златното сонце
кое се вика
ЉУБОВ.
Живее во живиот
живот
кој се вика
ЉУБОВ.
Истотијата е
запишана во вистината
која се вика
ЉУБОВ.
Од храмот излегува
светлината
која се вика
ЉУБОВ.
Јазикот на кој
зборува и пишува
се вика ЉУБОВ.
Темелите се
изградени со каменот
кој се вика
ЉУБОВ.
Семето посеано
во градината
се вика ЉУБОВ.
Мостот кој се
гради денес
се вика ЉУБОВ.
Небото и земјата
се составуваат
на Кожув тоа
место
се вика ЉУБОВ.
Љубов со љубов
само се мери,
и со ништо неможи
да се смени.
Соња Таировска
Ѓурчак
25. 03. 2017 Улм