utorak, 29. ožujka 2016.

ПРЕД ПОРТА ТЕШКА

ПРЕД ПОРТА ТЕШКА

Капка жешка, пред порта тешка.
порта која катанец нема
а, го крие домот твој.
Стебло над  корен се  ведни,
светлината со темнината се бори  
а дождот плачи.
Домот заспа, и сонот длабоко спие.
Свеќа која вечно гори,
грст спомени од бисери бели,
пред порта тешка.

Соња Таировска Ѓурчак

29. 3. 2016 Улм 

ВРЕМЕТО МОЛЧИ

ВРЕМЕТО МОЛЧИ

Пред изгревот на сонцето,
времето молчи.
Пред светлината на денот,
времето молчи
Пред пролетните цветови,
времето молчи.
Молчи и пред секое ново раѓање.
А секој минувач
заминуваќи во прегратките на воздухот
и во  последната
улична светулка го милува.
Молчи и ја чува тајната,
тајната на времето распослана
низ вистината на времето.
А времето молчи.

Соња Таировска Ѓурчак
29.3. 2016 Улм


ponedjeljak, 21. ožujka 2016.

МАЈКА НА СЕКОЈА ДУША

МАЈКА НА СЕКОЈА ДУША

Со природта да си едно,
е многу  вредно но не е се едно,
да ја слушаш тишината,
да зборуваш со вистината тоа е дар.
Кружат птиците во просторот 
измеѓу небото и земјата 
ја најавуваат пролета,
новото раѓање на природата 
која ја носи радоста,
а подарува убавината 
ја исполнува душата со љубовта 
од цветните бои разлеани 
низ топлината на земјата. 
Чуствувајте ја пролета и 
нејзиното ново раѓање таа е вечна,
благородна,несебична полна љубов.
Мајка на секоја душа.

Соња Таировска Ѓурчак

21. 3. 2016 Улм 

nedjelja, 20. ožujka 2016.

ЖИВОТОТ Е БРЗ

ЖИВОТОТ Е БРЗ

Со куфери полни на пат крена
во зори рани буди врева
кочија што пред времето бега.

Нова желба кон утрото се спрема
светлината замав зема
и сонцето во прегратка ита.

Се раѓа радост,во пролет чиста
копнеж и радост со насмевка иста
да открие тајна зрак што пред времето бега.

А темнината патот го крие,
бразди брзи на времето долго
од далечина во животот што брза.

Не уморни чекори умот го матат
во пресрет брза и страв од страв се раѓа
во длабок сон заспива желба брза.

Животот е брз и пред времето паѓа.

Соња Таировска Ѓурчак

20. 3, 2016 Улм 

utorak, 15. ožujka 2016.

ПРОЗБОРИ ДЕНОТ

ПРОЗБОРИ ДЕНОТ

Со кантар кој мерка нема
ја измери тежината на денот,
а длабоко од душата
прозбори денот.
Долг е патот на денот,
се подели слабост
измеѓу небо и земја
прозбори денот.
Сепак ми подари сила,
како на дете мало
верба и молитва тешка
прозбори денот.
Татнеш на денот
измати води бистри и магли густи.
Одговор на денот
е мојата мисла рече и
прозбори денот.
Чудна е сечија мисла
напишана на платно бело
во мугри бели
прозбори денот......

Соња Таировска Ѓурчак

14. 3. 2016 Улм