srijeda, 28. listopada 2015.

ЗЕМЈА ЖЕДНА

ЗЕМЈА ЖЕДНА

Во небо пустош се стори,
ливада зелена во оган гори.
во облаци темни капка вода нема
суша,се до небо гори.
Спас за небо во молитва молам,
вода за ливада што во оган гори
да испари езеро сино,
пара за облаци темни
кој се сега за вода жедни.
Земја жедна, суша пуста,
Небо гори,чудо се стори.
Спас има и земја ке одмори.
Ведрина пак ке стигни
и суша од земја ќе подигни.
Ќе закрепни и небо од пустош
што се стори,
ќе расцутат цветови бели
низ ливада густа.  
И сега кога сите патеки се исти
и низ пепел се оди,
животот пак радост води.
Вода за земја жедна,
радост пак до небо ке оди.


Соња Таировска Ѓурчак
28 . 10 . 2015   Улм


srijeda, 21. listopada 2015.

ПРИРОДНА УБАВИНА

Оваа природна убавина
која низ тишината тифко оди,
а насталгија за добри стари времиња нема,
занеа постои само ова време,
време кое не тагува по минатото.
Не уморен уметник црта,
црта по црта,и ги ткае зборовите
низ платното на природата.
Измеѓу темнината и светлината
се крие тајната на вистината.

Соња Таировска Ѓурчак
21. 4. 2015 улм

utorak, 20. listopada 2015.

ххх 116

Насталгија за стари добри времиња нема,
и вермето не тагува за прошлоста,
ни дрвито за свиоте лисја.почнува нов живот.

*****

Животот треба сигурна карта
тоа е одговор на молитвата.

*****

Секоја молитва стигнува
гласно во природата
а природата е одзив на  барањето.

*****

Само вечната вистина не се променува
таа останува секогаш вечна вистина.

*****

Измеѓу светлината и темнината
се крие тајната на вистината.

*****

И со затворени очи се гледа светлината .

*****

Природата е секогаш
креативна испирација
кој освежува и подмладува.

*****

Само еден збор сега зборува
Во хармонија за љубов и мир.

*****

Низ убавината на природата
се допира до вечноста на слободата
која носи мир и разум имајта мир и радост.

KRILA SKINA

КРИЛА СКИНА

Крила, скина мила
од мене направи роб.
Љубов зеде,крила скина
ти замина мила.
Зар тоа не ти беше сето доста
и цвет роса дете ми зеде.
Љубов само клета била
што со тебе мина мила.
Со играчки децки
во тишината сега зборам,
за ќеркичка наша мила горам.
Слепа ли беше љубов моја
да не ја виде ти.
Во сон се будам
на перница те барам.
Крила скина,
замина, срце ми рани ти.
На зид слика барам да видам
нема, се ми зема.
Верувај слика во себе носам
во срцево мое ја заклучив
а клучот го зеде мила ти.
Ако милост имаш
немој,да чедо наше
по друг сега тате вика.
Мало е, и незнае,само е цвет
што цвета во децки сон.
Ах, мила ти скина,таткова крила.
Од овој час за љубов несакам
повеке да те молам,
ако секогаш за тебе мила
во љубов ќе горам.
Не те проколнувам, само те молам
чувај го нашето мало чедо
како очите свои мила.
Ти пожелувам,среќна да бидиш
и ако крила ми скина мила.

Соња Таировска Ѓурчак
21..3..2014 Улм

Тажна испирација

nedjelja, 4. listopada 2015.

АЏИЛУК



Се слуша шепот низ тишината
се слуша жубор на извор,
од далечна туѓа земја.
Туѓина во вистина не постои,
туѓ е само светот, кој не враќа дома
во почвата на рајот и токму тука
престанува патот на  животот.
На долгиот животен АЏИЛУК.

Соња Таировска Ѓурчак

4. 10. 2015 Улм 

četvrtak, 1. listopada 2015.

ОСТАВИ НЕМИР


ОСТАВИ НЕМИР

Сите сенки спиат,
заспаа и очите на ноќта.
А темнината,
будно бдее над светлината
низ звездите на спомените.
Не дочитано, остана
писмато на животот
кој водеше,
во иднината на денот.
Мајското студено утро,
мајската зора
ја отвори вратата,
студот поитаа слепо!
Ја соголи топлината,
ја протури низ канџите
ја исцеди љубовта
ја понесе душата.
Остави немир,низ брановите
на нотите потоппени во солзи.

Соња Таировска Ѓурчак

2.10. 2015 Улм