srijeda, 15. srpnja 2015.

КОГА ЗАМИНА


КОГА ЗАМИНА


Кога замина,
застана и времето,

застана и денот
часовникот го означи само минатото,
застана тишината на прагот пред времето.
Кога замона,
застанаа и птиците на небото
облаците ја променија бојата,
водата испари,
остана само една солза
спомен на минатото.
Кога замина,
во просторот на воздухот
се изгуби во летот на пеперутките,
кој раскажуваат за сенката  која одмина
и остави спомен грст од бисери.
Остана само убав топол збор,
во времето неизмерено,кога замина.

Соња Таировска Ѓурчак
15. 7. 2015 Улм


utorak, 14. srpnja 2015.

САМО ЕДНАШ


Само еднаш се раѓа човек,
ја следи светлината во очите на вистината и тишината .
Неуморно твори,истражува, гради а,
остава длабоки траги во уметноста,
дела кои се печатат во тефтерите на историјата
и остануваат дела кои ги памети нашиот народ
а се шират во светот.

Соња Таировска Ѓурчак





ponedjeljak, 13. srpnja 2015.

САМОВИЛА

САМОВИЛА

Молам за мир,
и ако ме опкружи немир.
Сета вистина остана тајна
запишана во очите на
бистрите езерски води
самовила низ бранови оди.
На обала пуста глас ечи
а солза жешка течи.....
Среќата ја запознав
а несреќата не ја препознав.
Како молња мина
на обала стигна
со туѓа среќа си поигра.
Горда ли беше
што мамеше со песна
нема да те колнам
пак ќе клечам и молам
молитва имам силна
ти си од бога проклета самовила.

Соња Таировска Ѓурчак
13.7. 2015 Улм


subota, 11. srpnja 2015.

ХХХ 110

Вистината на светот не престанува да зборува,
како и мирисот во тишината на цветот.


Мирисот на цветот, создава нов поглед кон животот....како и вештината на вистинската искрајна молитва.

srijeda, 8. srpnja 2015.

ИЗЧЕЗНА

ИЗЧЕЗНА

Таму некаде,
како изморен патник
од жештината на времето
скриен под воздухот.
Изчезна, како сенка
остана само болка,
а радост од минатото
и надеш на времето.
Молчам и подавам рака
кон вечноста
го будам мирисот на минатото
и надеж во времето.
Молчам и гледам
во наметка црна
и езеро кое мастило се стори.
Сега во длабочините на вистината
и прекрив на земјата
почива надежта
собрана во грст рака земја.

Соња Таировска Ѓурчак
8. 7. 2015 УЛМ