ponedjeljak, 30. ožujka 2015.

ЖЕЛБА

Секоја желба е остварлива 
ако е исполнета со верба и љубов,
тоа е закон за секоја желба.

Соња Таировска Ѓурчак
30. 3. 2015 УЛМ 

nedjelja, 29. ožujka 2015.

ZEMJA NA RAJOT

ЗЕМЈА НА РАЈОТ

Крстена си,
во изворите на златното Сонце
и во светлината на светлината.
Видение твое и чуства твоја
кои душа носат и од длабок сон
живот будат.
Никнува семето на мудроста
расте и ја открива тајната
на тишината.
Твојот остров е исполнет со
тишината на желбите и вистинската
твоја топла љубов, љубов.
Земјата на рајот.
Во благодарност одзонува
ритамот на срцето, од каде се излеваат боите
боите кои зборуваат за животот
и за земјата на рајот.

Соња Таировска Ѓурчак
29. 3. 2015 Улм


petak, 27. ožujka 2015.

АФОРИЗМИ.104

Љуби од срце,
љубовта е вечна младост.

***
Секој нов ден е надеш
кои носи мир.

***
Животот е подарок од Бога
живеј,чуствувај,сакај.

Соња Таировска Ѓурчак
27. 3. 2015 УЛМ.


četvrtak, 26. ožujka 2015.

AFORIZMI 103

АФОРИЗМИ

Животот е убав,само сега
занего не постои минато ни иднина
само сега е вистината на животот.

***

Животот е сон,
на твојата уметност
кој го сонуваш и остваруваш сам.

***

Животот ти нуди,
простор,школо, училница
учител во тоа школо си само ТИ.

***

Убави мисли прават убав ден,
имај убави миси и убав ден..

Соња Таировска Ѓурчак
26.3.2015 Улм

АФОРИЗМИ 102

АФОРИЗМИ 102

Животот е пол со убавини
кои кратко траат,
се паметат многу долго.

Добри и искрајни луѓе има многу,
лоши и лажни уште повеќе.

Умните луѓе градат живот
со љубов и во љубов,
спротивните од нив
ни градат ни прават ни љубат.

Соња Таировска Ѓурчак

26. 3. 2015 УЛМ  

ЉУБОВ И НАДА

ЉУБОВ И НАДА

Пишувам и творам
учам и молам,
почитувам и сакам
втуѓина сама патам.
Пишувам за земјата моја
за туѓинци и бегалци
низ светот од векот.
Пишувам,
збор кој ќе го разбере секој,
збор што можи да се сфати
збор кој далеку се слуша
духовна храна за сечија душа.
Пишувам и праќам
молитва за земјата моја,
сето богаство назад да се врати
доста, со векови пати.
Горда сум,ако сум во туѓ свет,
на таа библиска земја од век.
Народ кој со векови страда
а пол со љубов и нада.

Соња Таировска Ѓурчак

25. 3. 2015 УЛМ

subota, 21. ožujka 2015.

TAUSEND WORTE

Tausend Worte 
in dieser Stunde Stille herrscht, 
nur ein Gedanke, 
bestanden mehr als tausend Worte.
21. 3. 2015  ulm 
...Mehr anzeigen

petak, 20. ožujka 2015.

ЗАВЕТ НА ЉУБОВТА

ЗАВЕТ НА ЉУБОВТА


Бранови од спомени
минат низ плоштадот,
наречен живот.
Судбината остана историја
запишана во земјата 
во земјата на светот.
Само времето раскажува
за трагите од детсвото,
а спомените ги понесоа птиците
во надеж на нови бранови.
Мојата далечина е светот
тајна, крст кој бога моли  
парче љубов од трагите на деството,
кое е вечн оган на вистината.
Трагите на деството оставија
завет на љубовта која не се менува.
Минам чекорам и чекам глас,
кој е одвоен од прагот на вистината.
Само календарот го менува времето...

Соња Таировска Ѓурчак
20. 3. 2015 Улм

ЗАВЕТ НА ЉУБОВТА

Бранови од спомени,
минат низ плоштадот,
наречен живот.
Судбината остана историја
запишана во земјата 
во земјата на светот.
Само времето раскажува
за трагите од детсвото,
а спомените ги понесоа птиците
во надеж на нови бранови.
Мојата далечина е светот
тајна,крст која бога моли  
парче љубов од трагите на деството,
кој е вечн оган на вистината.
Трагите на деството оставија
завет на љубовта која не се менува.
Минам чекорам и чекам глас,
кој е одвоен од прагот на вистината.
Само календарот го менува времето...

Соња Таировска Ѓурчак



АФОРИЗМИ 101

         ***
Се се случува сега,
во законот на вистината.
     
         ***

Каде и да си,каде и да одиш,
среќата со себе  ја водиш.

          ***

Многу, многу е се чудно,
сонувај, а живеј само будно.