subota, 7. veljače 2015.

СЕ БУДАМ

Се будам 

Со дофат на надешта 
гордост 
во верата 
топлината на љубовта 
се будам во вистината.

АФОРИЗМИ 100

Во животот не постои старост,
животот е,љубов вечна младост.

АФОРИЗМИ .999.

Тајната е сопственост,
а мудроста трага по одговорот.
“““
Животот упатен кон духовното богаство
има секогаш двојни успех.
„„„
Богаството на животот
се наоѓа во длабочините на душата
наречено душевно богаство....

Соња Таировска Ѓурчак
7, 2, 2015  Улм

četvrtak, 5. veljače 2015.

Trendafil

ТЕ САКАМ

ТЕ САКАМ

Срушени букви стари
стојат рушени од тебе,
стојат и времето го бројат.
Поглед по букви бега
приказна жива
сакам да ги соберам
и да ги бројам.
Ако сега ги грешам
во песна и нота ќе ги ставам
и ќе се решам.
Седум букви ми требаат само,
со седум букви зид ќе зидам
и со нив темел ќе ставам
Те сакам.


Соња Таировска Ѓурчак
5. 2. 2015 Улм 

ТАА МЛАДОСТ

ТАА МЛАДОСТ

Тага во срце свена,
а тебе, покрај мене те нема.
Што судбина беше таа,
како бура, изчезна таа младост,
гром падна не раздеил нас.
Сега, пишувам и творам,
поетска маѓија ќе створам,
покрај тебе сакам да бидам,
во очи наши љубов топла да видам,
Пак празни ветувања нудиш,
на кантар мера лага си ставил,
љубов се мери во младост,
нај точна е да се измери во старост.
Ти сега молиш,сув леб
трошки по џепови ставаш,
сакаш со трошки пченица да сееш,
каков плод ќе жнееш?
Ветувања лажни, ветувања празни,
во темни сокаци оставаш.
Простими ми велиш 
сакам сега вечно со тебе да бидам
во животот не постои старост,
животот е,љубов вечна младост.

Соња Таировска Ѓурчак 
5. 2. 2015 Улм 

DRUGO VREME NEMA

ДРУГО ВРЕМЕ НЕМА

Оди
брза
како река
полна исполнета
во тишина
мека.
Времето
оди
и не чека,
денот нов
пак со
времето
оди.
Друго
време
нема.
Соња Таировска Ѓурчак

5. 2. 2015 Улм

BALKAN LJUBOV


БАЛКАН ЉУБОВ

Балкан љубов, од секогаш си била
љубов тола, од никого не си крила.
Љубов библиска твоја стара
надеж пак носи љубов млада.
Кукавица сака гнездо да ти краде
граблива птица род да јади,
а животот љубов буди и
вистината не ја губи.
Македонијо ти си балкан љубов
Во песна те опевам и љубам
во песна те носам и чувам.
Пред тебе сега горда стијам
ти си балкан љубов моја.
Балкански попис Творец прави
и во библиски тестамент те стави.
Длабоко во душа те чуствувам
милувам и носам,ти си моја
Македонијо, балкан љубов.

Соња Таировска Ѓурчак

5. 2. 2015 Улм

ТАА МЛАДОСТ

ТАА МЛАДОСТ

Тага во срце свена,
а тебе, покрај мене те нема.
Што судбина беше таа,
како бура, изчезна таа младост,
гром падна не раздели нас.
Сега, пишувам и творам,
поетска маѓија ќе створам,
покрај тебе сакам да бидам,
во очи наши љубов да видам,
љубов опој пак да биди
љубов топла, род да види.
Пак празни ветувања нудиш,
на кантар мера лага си ставил,
љубов се мери во младост,
нај точна е да се измери во старост.
Ти сега молиш,сув леб
трошки по џепови ставаш,
сакаш со трошки пченица да сееш,
каков плод ке жнееш?
Ветувања лажни, ветувања празни,
во темни сокаци оставаш.
Простими ми велиш, нема више
време да крадам, покрај тебе
сакам сега вечно да бидам.
На таа младост верен да и бидам,
во животот не постои старост,
животот е,љубов вечна младост.

Соња Таировска Ѓурчак
5. 2. 2015 Улм



srijeda, 4. veljače 2015.

POMNI I NE ZABORAVAJ MAKEDONIJO od Prof.Nestor Oginar


Помни и Не заборавај Македонијо!
И в огин да горам, пак среќен ќе бидам,
Пепел да се сторам, пак за тебе ќе се борам,
И век цел да живеам, јас ќе те помнам,
Каде и да одам, не те заборавам, Македонијо!
Помни и не заборавај, Македонијо!
Од пепелта надеж повторно се раѓа,
Ко Феникс бесмртна таа сведок стои,
И ништо на светот под Сонцето наше,
Легендата стара нема да ја скрие.
Помни и не заборавај, Македонијо!
Само ти знаеш, Земјо, Мајко, Судбино моја,
дека те љубам со љубов бескрајна,
со љубов постара од збор и од мисла
кои не учат да не забораваме, Македонијо!
Помни и не заборавај, Македонијо!
Македонија е Мајка живот пак што дава
и верата наша пламена ја буди,
живееме ние љубејќи ја неа,
со огинот во нас што вечно ќе гори
ко пламено Сонце што на небо блеска
засекогаш таа не вика кај неа!
Помни и не заборавај, Македонијо!
Проф.Нестор Огинар

utorak, 3. veljače 2015.

ПОЕЗИЈА ЗА ДУША

  Зборот пишан љубов дели,
среќа радост за роденден вели.  
конкурс нов распишува,* 
ПОЕЗИЈА ЗА ДУША* 
љубов пишува.
поздрав