subota, 31. siječnja 2015.

CUDEN SVET

ЧУДЕН СВЕТ

На овој свет, има деца многу
гладни, жедни, боси, голи
чуден свет што моли за леб.
Ве сакаме другарчиња наши
и ако не сме исти раси,
има една вистина во светот
што ни ја дари векот.
Љубовта е божи дар
за неколку мига
љубовта низ светот секаде стига.
Денес ве молам сите,
да бидиме хумани во душа
да делиме перче леб
за овој чуден свет,што моли за леб.
Да делиме радост
да запееме сложно
да облечиме нози боси
да нараниме гладни....
Пружаме полни раце љубов,
за овој чуден свет,што моли за леб,
љубовта е леб.

Соња Таировска Ѓурчак
31.1.2015 Улм




srijeda, 28. siječnja 2015.

MOLCI OD LJUBOV

МОЛЧИ ОД ЉУБОВ

Осамена ,напуштена кука
некаде горе
длабоко во шумата,
молчи ,молчи од љубов
а сонува долг сон,
сонува вистински сон
и сака сонот да биди стварност.
Но уште молчи,молчи од љубов.
Прагот го мини само
една, една бела вила,
тука уште во осаменост
мир бара,а приказната
од заборав,буди немир,
и пак патува кон неја.
Но уште молчи, молчи од љубов.

Соња Таировска Ѓурчак
28.1.2015 Улм


СРЕЌЕН РОДЕНДЕН


Животот е реалнос,

радоста е извор од душата,
среќата е убава мисла,а,
љубовта светлина вечна. 
ХХХХХХХХХХ. 
рожба искри нека бидат дофат 
во реалноста на ,изворите 
и убави мисли светлост вечна.
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН !!!

utorak, 27. siječnja 2015.

ИЛЈАДА ЗБОРОВИ

Во овој час, владее тишината,
само една мисла,
пренесува илјада зборови.

Соња Таировска Ѓурчак
27.1.2015 Улм

nedjelja, 25. siječnja 2015.

АФОРИЗМИ 888

           ***
Патот на животот е верата
верата е мисла која се раѓа
и верува во успех....
           ***
Судбина, е измислен збор
кој ја  блокира верата....
           ***
Само чистата мисла
води по патот на вистината....

Соња Таировска Ѓурчак
25.1. 2015   Улм

subota, 17. siječnja 2015.

PTICA KOJA LETA

ПТИЦА КОЈА ЛЕТА

Тивко го напушта денот
како уморен патник,
animierte-vogel-bilder-100кој ја јаспишува далечината
на изодениот пат.
Потонува во сон,
и сонува звезди разиграни
по ливадите на вселената,
кој пиат утринска роса.
Сонот ја мие осаменоста,
ги мие прашањата
на животот, бара,
поглед кон небото
осамени очи,уморни,
повеќе гладни отколку
жедни,сонуваат за утре,
само еден миг е вистина.
Птица која лета.

Соња Таировска Ѓурчак

15.1.2015 Улм

srijeda, 14. siječnja 2015.

PAK KE BIDI ISTO

ПАК ЌЕ БИДИ ИСТО

Зад аголот се крие денот
колибата полна со светлина,
се гледа трепкањето на искрите
а, денот носи нова игра.
Пред да се родам,некој замина
останаа само сликите
да ги раскажуваат приказните
на времето.
Утре пак ќе биди исто
само брчките оставаат трага,
секогаш заминува она
што поново се раѓа.
Вистината буди нова игра,
пак ќе биди исто,како некогаш
и кога времето остава сомнежи
стои пред портата,ја чува љубовта
а далечината е таму каде е туѓината,
само времето пак ќе биди исто.

Соња Таировска Ѓурчак
14.1.2015 Улм



ponedjeljak, 5. siječnja 2015.

PROZOR NA LJUBOVTA

ПРОЗОР НА ЉУБОВТА

Исповед пред прозорот
на љубовта,
а во длабочината
на душата гори свеќа.
Исус ХристосТука, пред верата
отворен е прозорот
на огнената љубов.
Прорештвата ја испишуваат
љубовта, на смрзнатиот призор
кој остава само зимски пејсаш,
и поново, топла солза бриши
и заминува со капките
на истопениот снег.
Спомените оставија трага.
и сон што по спомени трага
низ ожнејаното жито се е лага,
а во жилите, течи вино
и го мие прозорот на верата.
Прозотот на љубовта.

Соња Таировска Ѓурчак
5. 1. 2015 Улм



subota, 3. siječnja 2015.

VECNA LJUBOV

ВЕЧНА ЉУБОВ

Слушам,
прислушкувам,
ветер ја исполнува тишината
за момент замолкна светот.
Тишина и во мојата мислата
слушам,
замолкна во тишината и,
убавината
во просторот на небото.
Слушам!
Глас на кованици
будно гледам и
слушам,
животна слика која оди
звезда среќна ја води.
Слушам!
Глас на кованици
побетник на гласот
кој пробива низ тишината
е вечната љубов
слушам...

Соња Таировска Ѓурчак

3.1.2015 Улм

2015.

Nek godina nova 2015 ta
ispuni svima najboljih snova.

četvrtak, 1. siječnja 2015.

CEKAM

ЧЕКАМ

Чекам,
зора да се роди ,
чекам,
денот да се јави,
збор да дади ,
и вистина да кажи,
чекам збор и
песна блага,
благослов и
крст што става
чекам година нова
која среќа носи
година која
радост дава
здравје, мир, успех
љубов дава.

Соња Таировска Ѓурчак

1.1.2015 улм

NASMEVKA

НАСМЕВКА


Една насмевка од срце
една насмевка за срце
од мене, за тебе,тука и таму
насмевка убавина мека,
која жнее жетва плодна
живот пол со надеш,
радост топла се до века
убавина љубов света.

Соња Таировска Ѓурчак
25.12.2014 улм


ZBOGUM ZEMA

ЗБОГУМ ЗЕМА

Година срата збогум зема
си оди и веќе ја нема,
остави среќа,остави трага
беше многу, многу драга.
Во пресрет иди година нова
во светлина сака да не види
среќа топла и успех полна
здравје радот благослов носи
и живот е полна година нова.

Соња Таировска Ѓурчак

31.12.2014 улм