Белег на
радост,радост која топли
белег на
среќа,која пее и се смее
белег на
збор,збори и твори
белег на солза
која извира
како бисер од
изворот на љубовта.
Во солза и љубов
се мие
бисер од збор
кој се нижи во гердан,
и остава трага
и белег.
Белег на
кованици, зборови стари,
белег на вистини
чисти, и исти
како тогаш кога
времето со времето
го милуваше
погледот од прозорецот на срцето
а крвта во
жилите врие,и патеките ги мие.
Остана белег,лузна
која се гледа во очите
а скријена во
длабочините на времето.
И кога последниот
пожолтен лист од
црешата стара
паѓа во дворот
ветерот го неси
а испод остава белег.
Белег на
радос,среќа и вистина чиста.
Соња Таировска
Ѓурчак
17.11.2014 УЛМ