ponedjeljak, 29. srpnja 2013.

СЕНКА ВРАТА ОТВОРА


СЕНКА ВРАТА ОТВОРА


Исчезна портата oд дворот,
ја снема!
Ја нема, вратата од куќата,
ги нема ни вратите од одаите.
Прозорците расковани, гледаат
во длабочините на светлината.
Чуварот,што ја чуваше куќата
заспа и он во вечен сон.
ГО НЕМА!
Чардакот се спуштил до земја
чека да го потпри некој.
Сенка врата отвора,
а месечина затвора.
Само времето и тишината
градат порти и врати од воздух.
Дождот ги мие болните рани на ова тло.
Од камарчето на иконата
се слуша молитвата
на пресвета Богородица.
Надзирка кандилото бес пламен.
Во шепот на темелите
и молитвата на пресвета Богородица
се слуша уште еден глас.
ОВДЕ ЉУБОВТА Е ПОЈАКА ОД СМРТА!
Тука има уште живот, ако врата нема.
Сега само како се да заспало
во приказната на вистината.
А јас не се осудувам да ја разбудам.

srijeda, 24. srpnja 2013.

МА-МА ЗЕМЈА

МА-МА ЗЕМЈА 


Децении минеа
историја наша сите кинеа,
будно земја пратиме
истотија наша вистинска
назат пак ќе вратиме.
Солзи река правеа
за вистината што ни ја крадеа.
На сите страни трага оставиа
добрини наши заборавиа.
Парче земја од тебе постана
а златно сонце во тебе остана.
Рајска градина пак ке се сториш
низ убавини твои пак ќе одиш.
Златно сонце вечно ќе те грее
и низ векови песни твои ќе пее.

Соња Таировска Ѓурчак
од книгата издадена 2013
СОЛЗА И ЉУБОВ 

nedjelja, 7. srpnja 2013.

ТОА ОСТАНА


ТОА ОСТАНА

Од вистина чиста
Приказна се роди.
Во светлина и љубов
Сака пак да оди.
Струшена е до земја куќа стара.
Разиграни спомени децки
Тука уште бара.
Сега по рушевини
пак спомени се будат.
Цветови нежни
уште мирис со љубов нудат.
Кошула од змија покрај тебе лежи.
Камен бел,и рушевина тажна на место тежи.
Од огниште и куќа стара,
Тоа се стори,
А во гради уште љубов оган гори.
Само бел камен остана!
И во вистина вечна љубов постана.

Соња Таировска Ѓурчак 
2013 Улм