utorak, 9. rujna 2025.

СВЕТЛИНА НА СЛОВОТО, за Браќата Миладинивци

 

Светлина на словото  

Браќата Миладиновци

Во сенките на векови темни,
пламнеше зборот, светлина без крај.
Од татковина до срце човечно,
носевте сонце во секој стих.

Реки песни што ја пијат болката,
гордоста немирна ја разбудуваат,
душата во каменот ја оживуваат,
корен на иднината во секој збор.

Секој стих е семе на слобода,
секој збор е светол патоказ.
Вашето име е пламен што не гасне,
ни во бури, ни во времето што лета.

О браќа, вечни чувари на духот,
вашата жртва е златен пат,
да паметиме кој сме и што сме –
во песна, во збор, во мајчин глас.

Нека вашиот збор ни го гали срцето,
како ветер што носи надеж,
како светлина што ја топи темнината,
и како потсетник, дека народот
никогаш не смее да заборави своето име.

Соња Таировска Ѓурчак

10. 09. 2025  Улм 

Nema komentara:

Objavi komentar