Ми бега сопствената земја испод нозе,
ми го одзедоа здивот —
луѓе во кои верував,
дека се посветли од светлина,
поискрени од верата
свети како Христ на крст.
А сега,
кога вистината се обелодени,
останав без зборови,
ми се откинаа крилата
како да беа од хартија во дожд.
Се распаднав меѓу мисли и молк,
во сопственото срце ми стана тесно.
Не боли предавството —
боли тоа што љубовта
ја дадов без страв.
Но молчам.
Зашто само тишината знае
колку гласно вреска
срушената вера.
Соња Таировска Ѓурчак
29. 09. 2025
Nema komentara:
Objavi komentar